Норт имал само 6 години кога бил избран да го глуми насмеаниот бељаџија во ТВ-адаптацијата на популарниот стрип на Хенк Кетчам, кој се одвива во идеализирано американско предградие. Џеј Норт кој беше препознатилв по неговата телевизиска улога како русокосиот пакосник „Денис Напаст“ (Dennis the Menace) во текот на четири сезони почнувајќи од 1959 година, почина на 73-годишна возраст, по тешка борба со рак на дебелото црево, пишува Асошиејтед Прес. „Имаше срце големо како планина, длабоко ги сакаше своите пријатели. Често ни се јавуваше и секој разговор го завршуваше со: ‘Те сакам со целото мое срце’“, напишаа Лори Џејкобсон која била неговата најблиска пријателка и Бони Вент, неговата букинг агентка во трогателна објава на Facebook.
Норт имал само 6 години кога бил избран да го глуми насмеаниот бељаџија во ТВ-адаптацијата на популарниот стрип на Хенк Кетчам, кој се одвива во идеализирано американско предградие. Често облечен во маица со пруги и каиши, Денис со своите пакости редовно го излудуваше пензионираниот сосед Џорџ Вилсон, кого го глумеше Џозеф Кернс. Родителите на Денис, трпеливи и полни разбирање, ги глумеа Херберт Андерсон и Глорија Хенри. Во подоцнежната кариера, Норт се појави во серии како „The Man from U.N.C.L.E.“, „The Lucy Show“, „My Three Sons“, „Lassie“ и „The Simpsons“, како и во филмови како „Maya“ (1966), „The Teacher“ (1974) и „Dickie Roberts: Former Child Star“ (2003). Извор: Новинска агенција МЕТА