Во моментов се уште е активен пожарот во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека само во текот на вчерашниот дека биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. – Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), соопштија утрово од ЦУК.
Од почетокот на месец март, заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери. Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.