28.8 C
Скопје
28/06/2025 09:27
МАКТЕЛ

   

Алармантен пораст на нивоата на микропластика во мозокот

      

Резултатите од студијата покажуваат значително повисоки концентрации на микропластика и нанопластика во 2024 година во споредба со 2016 година и значително поголемо присуство кај лицата со деменција. Микропластиката и нанопластиката се акумулираат на сè повисоки нивоа во човечкиот мозок, повеќе отколку во црниот дроб и во бубрезите, покажува новото истражување на „Nature Medicine“. Неодамна објавената студија открива значително повисоки концентрации на микропластика и нанопластика во примероците од 2024 година во споредба со примероците од 2016 година и повисоки нивоа на вакви штетни елементи во мозоците на луѓето со дијагностицирана деменција. Микропластиката и нанопластиката (MNP) се невидливи за голо око и потекнуваат од поголеми пластични производи – како шишиња, кеси за пазарење и кутии со стиропор – кои се распаѓаат во околината. Научниците ги проучувале МНП во океаните уште од 1970-тите, а откриено е дека морските животни имаат микропластика во нивните тела, апсорбирани од водата и од јадење загадена риба. Микропластиката се акумулира и во ткивата на други животни што луѓето ги јадат, пишува Нешнал Џиографик. МНП може да завршат и во воздухот, особено во затворени простории каде има тенденција да се задржат повеќе МНП отколку надвор поради насобирање честички од пластиката во облеката, мебелот и производите за домаќинството. Откако ќе ги вдишиме овие честички, тие можат да патуваат низ телото и да завршат во различни органи. Студиите открија МНП во човековите бели дробови, плацентата, крвните садови и коскената срцевина.

Студија од 2024 година откри докази дека МНП можат да поминат низ крвно-мозочната бариера, селективен филтер кој контролира што може да влезе во мозокот од крвотокот. Иако претходно се мислеше дека само најмалата нанопластика може да ја помине бариерата, оваа студија покажа дека поголемите микропластики можат да навлезат и во мозокот. Микропластика и нанопластика во мозокот. Студијата го потврдува присуството на МНП во мозокот – и тоа на шокантни нивоа. Студијата испитуваше 52 примероци од човечки мозок од 2016 и 2024 година, сите земени од фронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за расудување, донесување одлуки и движење на мускулите. Истражувачите, исто така, истражувале примероци од црниот дроб и бубрезите од истите лица, анализирајќи го целото ткиво со помош на микроскопско снимање и молекуларна анализа за да го идентификуваат хемискиот состав. Примероците од мозокот и црниот дроб од 2024 година имале значително повисоки концентрации на МНП во споредба со оние од 2016 година. Вкупната маса на пластика во мозоците што се проучувале се зголемила за околу 50 проценти помеѓу 2016 и 2024 година, а истражувачите сугерираат дека изворот се драстично зголемените концентрации на МНП во нашите домови, воздухот и водата. „Многу сум шокирана од количината на микропластика што ја пронајдоа“, вели Ема Кастил, невротоксиколог од Универзитетот во Утрехт во Холандија. Севкупно, примероците од мозокот имале 7 до 30 пати повеќе МНП во споредба со примероците на црниот дроб и бубрезите. Честичките пронајдени во мозокот биле главно ситни парчиња или честички од полиетилен, една од најчестите пластики во светот. „Логично е МНП да се акумулираат повеќе во мозокот во споредба со другите органи, делот од мозокот кој го обработува мирисот им дава на МНП во воздухот подиректен пат до мозокот отколку до другите органи“, вели Кастил.

   

Друго забележливо откритие беше дека нивоата на МНП беа околу три до пет пати повисоки кај лица со деменција. Истражувачите појаснуваат дека ова не мора да значи дека МНП предизвикуваат деменција, но покажува поврзаност што треба дополнително да се проучува. Иако научниците не ги имаат целосно проучено влијанијата на МНП врз мозокот, тие бараат повеќе истражувања. Студиите покажаа дека МНП во артериите може да бидат ризик-фактор за кардиоваскуларни болести и дека канцерогените клетки во желудникот можат побрзо да се шират по контакт со МНП. „Сè повеќе и повеќе студии покажуваат дека пластиката е присутна во мозокот, вклучувајќи ја и оваа нова, и тие не треба да бидат таму. Не знаеме многу за здравствените ефекти, но факт е дека тие се таму и не треба да бидат таму, и можеби тоа е доволно загрижувачки“, вели Кастил. Истражувачкиот тим на Кампен сака да го истражи целиот мозок за да проверат дали има повеќе акумулации на пластика во неговите различни делови и да види дали тоа е поврзано со некои специфични здравствени последици. Иако не постои начин целосно да се избегне изложеноста на пластика, таа вели дека на лично ниво може да направите мали избори што можат да ја намалат изложеноста како минимизирање на пластиката за еднократна употреба, добро проветрување на домот и редовно чистење со правосмукалка за отстранување на прашината и остатоците од пластика. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Две деца исчезнати во Германија од 2023 година пронајдени живи

Sase Ivanovski

„Центарска симфонија“ вечерва на плочник во Центар

Sase Ivanovski

Зохран Мамдани: Нов профил на непријател за Трамп?

Sase Ivanovski

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја

Sase Ivanovski

Во Србија одбележуваат Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студентите на протести, литературна вечер, одликувања…

Sase Ivanovski

Откриено тајното оружје на ракот: Еве што им дава енергија на туморите да се шират во телото

Sase Ivanovski

Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост

Sase Ivanovski

На ГП Табановце се чека околу 30 минути

Sase Ivanovski

Иран го напаѓа Гроси – го обвинува за „злобни намери“

Sase Ivanovski

Сенатот му даде овластување на Трамп да нареди нови воени операции во Иран без одобрение од Конгресот

Sase Ivanovski

Кирков: Додека Скопје се дави во смет на 40 степени, Данела му дели тендери на Беџети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Калифорнија: Полицајци спасија бебе оставено во автомобил на горештините

Sase Ivanovski

Прајдот во Будимпешта ќе се одржи и покрај заканите

Sase Ivanovski

Маричиќ: Не ни треба извештај во кој ќе се додаде „современ македонски јазик“. Било каква додавка, придавка не треба да има ниту за македонскиот јазик, ниту за идентитетот

Sase Ivanovski

Перински: Градиме ефикасна, квалитетна и современа локална самоуправа која ги одразува потребите на граѓаните

Sase Ivanovski

Од 1 јули Босанците ќе плаќаат помали придонеси

Sase Ivanovski

Судан: 13 убиени во гранатирање од паравојската во Фасер, Дарфур

Sase Ivanovski

(ФОТО) „КОЈ Е ОВОЈ ВИСОКИОТ? СПИЕШЕ КАЈ НАС ВО ХОТЕЛ“ Газдарица во Италија го смести Јокиќ, па му испрати фотка на маж ѝ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почнаа погребите за загинатите во војната со Израел

Sase Ivanovski

Денеска и утре во Скопје авионско прскање против комарци

Sase Ivanovski

Сончево време со благ пад на температурите

Sase Ivanovski

Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи го одби барањето на МААЕ за посета на нуклеарните објекти

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува опцијата за ново бомбардирање на Иран

Sase Ivanovski

Русија го зазеде клучното литиумско наоѓалиште Шевченко во Украина

Sase Ivanovski

Трамп: Ги прекинуваме трговските преговори со Канада и воведуваме нови царини

Sase Ivanovski

Вучиќ ги одби барањата на студентите во блокада: Србија не прифаќа ултиматум

Sase Ivanovski

Ист трик и во Македонија и во Хрватска – лажни лекари телефонски ловат жртви барајќи пари

Sase Ivanovski

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување

Sase Ivanovski

ДУИ: Мицкоски започна со бојкот на пописот, Меџити продолжува со дискредитација на резултатите

Sase Ivanovski

Синдикатот на шумската полиција исклучен од КСОМ, вработените без решение – одјавата невозможна

Sase Ivanovski

Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје: Нанело убодни рани на 17-годишник!

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ НА КЛИНИЧКИ, ВРАБОТЕНА НАПАДНАТА ОД КОЛЕГА Жена од Скопје тврди дека била претепана на работа

Sase Ivanovski

ПАРИ: 100 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОДИ, 20 МИЛИОНИ ПРОФИТ ОД БРЗИТЕ ЗАЕМИ – Профитот зголемен за 78 насто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Според пописот ќе има помалку општински советници значи помалку џаболебари, нели тоа сите го баравме или сто стапа по туѓ грб не болат!?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЧОВСКА: ПАРИТЕ ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ ОД ДОГОДИНА, НЕКОИ ФИРМИ ИЗРАЗИЈА ЖЕЛБА ДА ГИ ДОНИРААТ ПАРИТЕ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРИТЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ИЗВЕШТАЈОТ: Обвинуваат дека македонската влада платила 3 милиони евра за лобирање во Брисел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „СЕ СЛУШНА ЕКСПЛОЗИЈА“: Изгоре стан во Делчево, едно лице пренесено во болница

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Sase Ivanovski

За девет месци откриени 30 милиони евра криминал: Мицкоски дециден дека оваа влада стои зад граѓаните, а не зад криминалците и тајкуните

Sase Ivanovski

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

Sase Ivanovski

Авионска и терестрична дезинсекција во Скопје – градот започнува со прскање против комарци

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Голем предизвик е да се одвојуваат пет проценти за одбраната, но како членка на НАТО имаме обврски што треба да ги испорачаме

Sase Ivanovski

УЈП пишала глоба на Пулс газдата платил. Поради „конфузија“ му бил запечатен кафе барот, тврди Петрова

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да не ја разрешат осудената претседателка на УО на КХС!

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Македонија ќе мора да одлучи – Дали сме за Европа или за мегаломански заеми и „српски свет”

Sase Ivanovski

Хрват што го лажирал сопственото убиство во 1994 година поради долгови, пронајден жив во Франција

Sase Ivanovski

Двајца скопјани пратиле по пошта пакет амфетамин на затвореник во штипскиот затвор

Sase Ivanovski

ДУИ за системската дискриминација на Албанците: Во ФЗОМ 18 унапредувања за Македонци, ниту едно за Албанец

Sase Ivanovski

Попладне и вечер не очекува пороен дожд

Sase Ivanovski

Иран: Нападите од САД и Израел зададоа непоправлив удар врз неширењето на нуклеарното оружје

Sase Ivanovski

ШЕФОТ НА ДАНСКАТА ВОЈСКА: Данска и САД соработуваат воено во Гренланд, како и претходно, нема шанси САД да тргнат воено да го освојат островот

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Уставниот суд ја поништи манипулацијата на ДУИ со која се обиде да ја избрише албанската дијаспора

Sase Ivanovski

Америка по четврти пат ги одложи санкциите врз српската нафтена индустрија НИС

Sase Ivanovski

Еврокомесарката Марта Кос в понеделник доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Захарова го осуди договорот за Специјален трибунал за злосторства на агресија против Украина

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во крах за да се оправда негова потенцијална приватизација

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска во Вин-Вин: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Sase Ivanovski

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена

Sase Ivanovski

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Sase Ivanovski

ДОМ со поддршка за граѓанскиот отпор против хидроцентралите на Кожуф

Sase Ivanovski

Финансиска поддршка за ранливи потрошувачи – Министерството за енергетика објави список на одобрени баратели за 2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Данела ми нудеше пари да го рушам Мицковски од власт!

Sase Ivanovski

СИЛУВАЛ И КАСАПЕЛ ДЕВОЈКИ И НИВНИ БЛИСКИ ВО СВОЈОТ СТАН „Твитер убиецот“ е егзекутиран со бесење во Јапонија

Sase Ivanovski

Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста

Sase Ivanovski

ГОГА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница „Скопје“ – затекна нечовечки услови за живот

Sase Ivanovski

Рубио го крсти НАТО состанокот во „самит на Доналд Трамп“

Sase Ivanovski

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

Sase Ivanovski

СДСМ: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните карти пред избори?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените

Sase Ivanovski

Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Во Чаир има 13 ИЛЈАДИ ДИВОГРАДБИ – Ќе постапи некој?

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ДА ПОСТАПИ, А НЕ ДА ПРАВИ МЕДИУМСКИ СПЕКТАКЛИ: Градската власт е надлежна за рушење на дивоградби, не Министерството, посочи Николоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Град Скопје: Беким Аземи на 11 години изградил со еден милион евра зграда, барање за легализација поднел на 12 години

Sase Ivanovski

Роботи почнуваат да оперираат катаракта – израелски стартап собра 125 милиони долари за револуција во офталмологијата

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во југозападна Македонија

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА: РАНЛИВИТЕ ПОТРОШУВАЧИ И НАТАМУ НЕЗАШТИТЕНИ, САМО 700 ПОДНЕЛЕ БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА СМЕТКИ ЗА СТРУЈА – Поднесовме претставка

Sase Ivanovski
Вчитувам....