Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше најголем од 2013 година. Според извештајот на ревизорската агенција „Кредитреформ“ од вторникот, 190.449 компании поднеле барање за банкрот. Во исто време, се очекува дека овој број ќе продолжи да расте.
„Три години економска стагнација и рецесија не влијаеја само на Германија, туку и на цела Европа“, изјави директорот за истражување на „Кредитреформ“, Патрик-Лудвиг Хантш. Од најнискиот број од 2021 година и 112.686 банкроти, бројот на банкроти во Западна Европа се зголеми за речиси 70 проценти до 2024 година. Трендот не е само последица на пандемијата, туку кон него придонесуваат и порастот на цените на енергијата, падот на побарувачката и геополитичката неизвесност. Генерално, серијата кризи во последните години ги избришаа можностите на компаниите за закрепнување или раст.
Во 15 од 17-те западноевропски земји опфатени со анализата, бројот на банкроти се зголемил во однос на претходната година. Повеќе од една третина од банкротите во регионот се регистрирани во Франција, 66.088, што е за 17,4 проценти повеќе во однос на претходната година. Највисока стапка на раст на банкротите, од 42,5 проценти, е пријавена од Грција, пред Ирска со 32 проценти и Холандија со 31,7 проценти. Сепак, во овие земји, апсолутниот број на банкроти беше неспоредливо помал.