Проф. д-р Весна Јаневска која, со добивање на минатогодишните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стапи на функција Министер за образование и наука, продолжува да разочарува и да ја изневерува довербата на родителите. Минатата година на 28.06.2024 г. (1) Коалицијата за заштита на децата испрати писмено барање до Јаневска, а на 29.07.2024 г. на состанок во Министерството за образование и наука (2) и усно ѝ беше побарано целосно исфрлување на ЛГБТИ+ и родовите компоненти од Упатството за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување. Ова упатство е испратено до сите основни училишта во Македонија со инструкции истото, како подзаконски акт, задолжително да биде вметнато во статутот на секое училиште. Во Упатството, кое се однесува на деца од 6 до 14 години, директно и индиректно се вметнати родови термини и идеи, кои не се во согласност со Уставот на Република Македонија и никаде не се правно дефинирани, додека “сексуалната ориентација” несоодветно се спомнува во подзаконски акт кој опфаќа деца од 6 до 14 години, со што се имплицира дека децата на таа возраст се сексуално активни.
Притоа, не постои доказ дека постојат т.н. транс-деца, а уште помалку во училиштата во Македонија. Односно, не постои ниту еден случај во основните училишта во Македонија за кој е известено официјално од некоја институција, од родители, медиуми, педагошка служба или било кој друг официјален извор, дека постојат “транс-деца”. “Транс-деца” секако не постојат, единствено е можно да постојат деца кои се збунети за својот пол. Доколку постојат деца со нарушување на половиот идентитет, за што нема официјални податоци, ним треба да им се пружи соодветна психолошка помош, а не институционално афирмирање и охрабрување за понатамошно развивање на нивната негативна состојба. При анализа на Упатството, Коалицијата утврди дека самиот вовед содржи неприфатливи термини, директно и индиректно. Подолу ќе наведеме само дел од спорните моменти и сликовито ќе ги објасниме во контекст. Во член 2.1. стои следново: “Училиштето е должно при спроведување на ова Упатство да се води од најдобриот интерес на детето. Најдобар интерес на детето е преовладување на тој интерес над интересите на родителите, старателите, училиштето, институциите или заедниците во ситуации кога овие интереси се разликуваат од интересите на детето. При одлучување за најдобриот интерес на детето, училиштето е должно да ги земе предвид сите карактеристики на детето и контекстот во кој живее. Карактеристики на детето кои се земаат предвид се неговиот род, родов идентитет… сексуална ориентација…”
Она што уште појасно го отсликува проблемот е членот 2.3., кој целосно ќе го цитираме: “2.3. Почитување на правото на самоопределување. При спроведување на ова Упатство училиштето го почитува правото на самоопределување на ученикот. Секој ученик има право на самоопределување во врска со неговиот личен идентитет, поврзан со религијата, верското или политичкото уверување, националноста или етничката припадност, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Училиштето не смее да го преиспитува, да се обидува да го промени или да го осудува ученикот за неговиот избор поврзан со самоопределувањето.” Она што може со сигурност да се забележи е дека со ова Упатство целосно се одземаат правата на родителите и се афирмираат неприродни и нереални идеи, доколку такви се појават кај некои збунети деца (најчесто со помош на посредно или непосредно влијание на ЛГБТИ+ родовите организации, на кои Јаневска широко им ги отвори вратите откако воведе задолжително волонтирање на учениците во невладини организации). За полесно разбирање, со што сакаме да ги алармираме сите родители, ќе опишеме сценарио кое е целосно овозможено со ова Упатство: Доколку 6 годишно момче им рече на своите учителки дека сака носи фустанчиња и да биде девојче (самоопределување по род/родов идентитет), а родителите тоа не го одобруваат и се побунат, во тој случај родителите се сметаат за насилници т.е. сторители на насилство, поради тоа што не ги признаваат заштитените со ова Упатство карактеристики на детето – род и родов идентитет. Училиштето ќе биде задолжено да го пријави тоа во МОН, а МОН и училиштето да ги контактира Центарот за социјална работа и сите соодветни органи кои се занимаваат со злоупотреба на деца, меѓу кои и здруженијата кои се застапуваат за “трансродови” деца како Хера и Маргини, со цел детето да се отстрани од семејството доколку “малтретирањето” т.е. негирањето и неодобрувањето на неговиот “родов идентитет” продолжи. Бидејќи на сите овие организации поважен им е “најдобриот интерес на детето” кој е над зборот на родителите. Евидентно е дека родителите се проблем за ова Упатство. Имено, во член 2.6. стои следново: “При информирање на медиумите училиштето е должно да обезбеди согласност од жртвата… Училиштето е должно да му објасни на разбирлив начин согласно со возраста, зрелоста и капацитет на ученикот, што значи доверливоста и кои се другите лица со кои ќе биде споделена информацијата, нивната улога и обврските во понатамошните постапки, мерки и активности.”
Во поедноставен јазик, родителите веќе немаат никакво право да бидат информирани и да носат одлуки за своите малолетни деца, во случајов деца од 6 до 14 години, така што оние родители чии деца се жртви на насилство може да очекуваат нивната приказна да се најде на телевизија, без нивна согласност. Ова Упатство ги става родителите во шах мат позиција, без право на глас. Целосно се одземаат нивните права како единствени старатели на нивните малолетни деца и сосема се коси со сите закони поврзани за семејството и децата, каде експлицитно е дефинирано дека родителите се тие кои носат одлуки во име на децата. Бидејќи, каква разумна и информирана одлука би можело да донесе едно дете од 7-8 години? Во самата, пак, пријава со кое се пријавува насилството, потребно е да се даде опис на жртвата и сторителот на насилството, пришто не постои прашањето што се тие по пол, туку што се по род, и опциите кои може да се изберат се следниве (цитираме): “Род: ◽️женски ◽️машки ◽️транс ◽️друго” Ова Упатство е донесено од поранешниот министер за образование Арбер Адеми во 2020 година, за време на владеењето на СДСМ, а форсирано од Мила Царовска. Весна Јаневска години наназад отворено ја напаѓаше Мила Царовска и нејзината концепција за ваквите родови пропаганди, а и ден денска игра политички игри против СДСМ со изјави од типот на: “Помина времето на претходната Влада која носеше одлуки со декрет, насилно и без консултации со граѓаните. Оваа Влада го слуша нивниот глас и ниту една политика не се креира и нема да биде креирана без учество на пошироката јавност.” (1) Но, единствена жртва во овие партиски “досетки” и дофрлувања се нашите деца. Само што сега џелатот е Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. Токму во тоа и се состојат нејзината хипокризија и лаги! Веќе непочитуваната Јаневска воопшто не стои на својот збор и безочно лажејќи го народот, само го продолжува делото на СДСМ. Иако неколку училишта, чии родителски совети ги сочинуваат освестени родители за оваа проблематика, со години наназад праќаат претставки со револт до МОН дека не се согласуваат со тоа Упатство, Јаневска сосема нема слух за нивниот глас и наметнува нешто што е спротивно на волјата на родителите. Така, таа им одговара насилно и со декрет дека мораат задолжително да го применуваат ова Упатство кое е наметнато врз граѓаните без нивна консултација и да го вметнат во статутот на училиштето. (Погледнете го одговорот на Јаневска во атачмент). Непочитувана Јаневска, нема да дозволиме да ги злоупотребувате нашите деца! Ќе имате силни противници во оваа борба за нивното здравје!
Целото Упатство може да го најдете и симнете од следниот линк: