Четириесет и петгодишен албански државјанин е приведен на „Табановце“ бидејќи се обидел со фалсификувана лична карта да ја напушти Македонија.
„Вчера во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта“, информираат од МВР. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.