Комисијата за хартии од вредност извести дека со извршена трансакција е направена промена на акционерска структура на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје. „На ден 17.06.2025 година, настаната е трансакција согласно која се изврши тргување помеѓу UNIQA Osterrich Versicherungen (продавач) и СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР (купувач), каде предмет се 90% од акциите на друштвото Сигал Уника Груп Австрија .
Сигал Уника Груп Австрија во Северна Македонија директно е сопственик и е активна преку две друштва за осигурување и тоа: • УНИКА АД Скопје, друштво за неживотно осигурување, со седиште во Скопје на бул. Илинден бр.1 и ЕМБС 5896100 и • УНИКА ЛАЈФ АД Скопје друштво за животно осигурување, со седиште во Скопје на бул. Илинден бр.1 и ЕМБС 6712339 .
Со настанувањето на горенаведената трансакција (по претходна добиена согласност од надлежните регулатори), друштвото СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР од Р. Албанија се стекна со индиректна сопственост на 90% од акциите на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје и Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје“, извести КХВ.
UNIQA Insurance Group AG минатата донесе одлука да го продаде својот осигурителен бизнис во Македонија, Косово и Албанија, кој функционираше под едно име ALMAKOS.Како што беше објавено, како дел од стратешкото управување, UNIQA Insurance Group AG, при оценката на пазарите на кои работи во овие три земји, донесена е одлука да се продадат акциите од осигурителниот бизнис во трите земји на Авни Понари, основачот и малцинскиот акционер на SIGAL Group Austria.