Александар Маневски е нов претседател на Општинскиот фудбалски сојуз – ОФС Куманово. Маневски е претедател на успешниот фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт, кој е ориентиран на младински фудбал, и е организатор и на познатиот фудбал за деца „Еуроспорт Куп“, а кој изминатиот викенд можевте ексклузивно да го следите во живо и на М Нет телевизија. ОФС Куманово е еден од поголеми сојузи во Македонија, каде членуваат голем број на клубови и има голем број на регистрирани фудбалери, ОФС Куманово важи исто така за еден од најдобро организираните сојузи. Маневски има успешна приказна со ФК Куманово Еуроспорт повеќе од 20 години, клуб кој прерасна во вистински фудбалски бренд не само во Македонија, туку и во Европа. Маневски сега ја превзема претседателската функција на ОФС Куманово.