– Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски.
Со овој одговор Мицковски сам го поби неговото ветување дека се шпекулации за поврзаност на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката Пулс и дека ако се потврди дека тоа е точно тој уште наредниот ден ке си поднесе оставка а ако не ќе бара новинарот што му го постави тоа прашање да му се извини.
Сепак обвинителството пред три дена го уапси реалниот газда на агенцијата „Рубикон“ Александар Нацев а судот му одреди 30 ена притвор а премиерот наместо ветувањето дека ке си поднесе оставка сега објаснува дека Нацев бил поврзан со ВМРО ДПМНЕ во времето на владата на Груевски а не сега кога е тој премиер.Александар Нацев инаку беше член на комисијата за одбрана и безбедност на ВМРО-ДПМНЕ, токму откако Мицкоски стана претседател на партијата.Нацев беше и делегат на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кога за претседател беше избран токму Христијан Мицкоски.
Список на делегати на XI Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Под реден број 54 како делегат е токму Александар Нацев.
- Никола Груевски
- Емил Димитриев
- Кирил Божиновски
- Мартин Протоѓер
- Зоран Ставрески
- Гордаaна Јанкулоска
- Антонио Милошоски
- Сашо Мијалков
- Никола Тодоров
- Владимир Пешевски
- Коце Трајановски
- Илија Димовски
- Љупчо Трпевски
- Благоја Деспотоски
- Никола Бакрачески
- Владимир Ѓорчев
- Зоран Горгиевски
- Момчило Аврамовски
- Зоран Илиоски
- Никола Попоски
- Даниела Рангелова
- Владимир Неловски
- Бојан Стојаноски
- Нола Исмаилоска
- Фатмир Имеровски
- Миле Јанакиески
- Иво Ивановски
- Елизабета Канческа-Милевска
- Зоран Јолевски
- Диме Спасов
- Веле Самак
- Бил Павелевски
- Спиро Ристовски
- Марта Арсовска-Томoвска
- Ванчо Костадиновски
- Христијан Делев
- Билјана Бришкоска-Бошковска
- Анастасија Илиеска
- Божидар Петроски
- Игор Димитров
- Илија Ристовски
- Елизабета Тодоровска
- Анета Димовска
- Билјана Цветановска-Гугоска
- Соња Лепиткова
- Ана Блажевска
- Митко Чавков
- Цветко Грозданов
- Сашо Стефановски
- Марјан Спасески
- Славе Трпевски
- Владо Мисајловски
- Влатко Поповски
- Александар Нацев
- Жарко Караџоски
- Васе Доневски
Листата е поголема, но нема потреба од останатите имиња.
Нацев инаку сам во гостување на радио во 2021 година кажа дека е еден од кандидатите кои се мерат на анкети за локалните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Јас сум еден од предложените кандидати за Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како моја матична партија. Сега следат анкети и испитување на јавното мислење, за неколку месеци ќе знаеме дали ќе бидам тој што ќе ја води битката за Пробиштип и за добивање градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Нацев за Радио Лидер.
Нацев држеше и бројни прес-конференции во партијата, откако Мицкоски е претседател.Јасно е дека премиерот бега од вистината односно „тајниот“ газда на агенцијата Рубикон бил не само член туку и во врвот на раководството на ВМРО ДПМНЕ во време кога Мицковски е и лидер на партијата и премиер на владата.
Нацев се товари за тешки дела против општата сигурност. Според доказите Нацев, е реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон”, која кобната ноќ, го обезбедувала локалот. Тој, цело време раководел со деловниот потфат заедно со веќе осомниченичениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани. Без склучен договор за 2025 година, ја обезбедувал дискотеката, а прекршени се и неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Немале направено безбедносна проценка и план за обезбедување, ниту пак, план за евакуација.
-Во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи-пиротехнички средства, информираа од Обвинителството.
Врз основа на судска наредба беше извршен претрес на локации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на Нацев, при што е одземена документација и електронски уреди. Во досегашната истрага за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46 лица. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.