Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патиштa. Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија
Патот комплетно ќе биде завршен пред почетокот на летната сезона
View this post on Instagram