Денеска означивме почеток на реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка. Инвестицијата е вредна 63,5 милиони денари од кои 59,2 милиони денари се обезбедени преку Mинистерството за транспорт, а 4,3 милиони денари со кофинансирање на општината. Привршуваме со реконструкција на локален пат во село Студеничани, 840 метри е вкупната должина и, второ, во тек е тендерска постапка во село Моране за реконструкција и целосна изградба на нов пат во должина од 1,3 км.
View this post on Instagram