-0.2 C
Скопје
19/02/2025 18:00
МАКТЕЛ

   

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

     

Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (18 февруари) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Сликовницата е објавена по повод 100 години од смртта на Франц Кафка. Станува збор за сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка. И покрај тоа што никогаш не е потврдена вистинитоста на случката и покрај тоа што постојат различни толкувања на околностите во кои се случила, со постојаното навраќање кон неа, таа стана неизбежен дел од биографијата на Кафка. Приказната во новата сликовница е дело на Александар Русјаков, за кого ова претставува свечено претставување во светот на литературата за деца на македонски јазик.

   

Русјаков, кој е попознат како автор за возрасни, изрази задоволство што имал можност да пишува за деца: – Досега немам ништо напишано за деца, а тоа беше нешто што отсекогаш ми недостигаше. За мене најлесно е да пишувам книги, бидејќи сѐ друго во животот ми е тешко. Можам да пишувам што било за возрасни, но не бев сигурен дали ќе можам да напишам нешто за деца. Литературата за деца отсекогаш сум ја гледал како нешто најтешко, затоа што децата не можеш да ги излажеш. Тие примаат сѐ веднаш со срце и го доживуваат како вистина или лага. Не ми е важно што ќе кажат возрасните, туку што ќе мислат децата за книгата! Како писател, отсекогаш ми било предизвик да напишам дело за деца. Имав обиди кои завршуваа недовршени. Понудата од „Арс Ламина“ да ја напишам оваа сликовница ја прифатив без размислување и бев среќен што ја создадов, иако не е моја оригинална приказна. Се држам до наративот што се претпоставува дека го измислил Кафка. Во оваа анегдота, Кафка е малку едноставен за доживување, многу точен и прекрасен, но носи и мистична атмосфера, која ја има во неговите дела. Беше предизвик да го оттргнам Кафка од неговите мрачни светови и да го внесам во еден сосема поинаков свет, иако и таму постои темнина – луѓето меѓусебно не комуницираат – рече тој. Во сликовницата Русјаков се држи до контурите на општоприфатената приказна, но со својот автентичен писателски израз, полн со лиричност и нежност, создава уникатно авторско дело, кое веруваме дека ќе стане ново омилено семејно четиво. „Девојчето и куклата што патува“ внимателно и метафорично зборува за минливоста на животот, за прифаќањето на загубата, за созревањето… а пред сѐ за љубовта.

– Поентата на сликовницата е дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма. Со оваа мисла Кафка ја дава суштината на приказната, но и на животот. Сѐ што нѐ опкружува е создадено од љубов и љубовта не се менува, ниту во смрт. Ако љубовта исчезне, тогаш знајте дека тоа не е љубов – изјави Русјаков.

Уредничката на книгата, Бисера Бендевска, истакна дека анегдотата за Кафка и изгубената кукла е еден од литературните митови што, иако не се потврдени како историски факти, добиле свој сопствен живот и се вкорениле длабоко во колективната имагинација: – Според некои сведочења, оваа анегдота ја актуализирала последната партнерка на Кафка, Дора Дијамант, и се случила во 1923 година, една година пред неговата смрт. Оваа анегдота го претставува Кафка како човек кој не сме го запознале преку неговите објавени дела, полн со нежност и сочувствителност. Самата анегдота за изгубената кукла сведочи за силата на раскажувањето, при што приказната, иако не ја враќа куклата, ја враќа надежта. Таа е пример за метафикција, раскажувајќи за самото раскажување и неговото значење во човечкото искуство. На промоцијата во улога на девојчето од книгата беше младата Ива Мановска, која прочита делови од сликовницата. Книгата е понудена и во специјално, ограничено пакување во форма на плик, со восочен печат. Во пликот, покрај сликовницата, има и шест разгледници од местата каде што патува куклата. Со ова се потсетуваме на една заборавена, но убава практика – да се праќаат писма и разгледници за време на патувањата. Денес (19 февруари, среда), програмата на „Денови на литературата“ продолжува со работилница за деца инспирирана од сликовницата „Колку е часот?“ со авторот на текстот и илустрациите Тодор Трајковски. На работилницата, која ќе почне во 18 часот во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, децата, со помош на авторот, ќе научат да го читаат времето, односно – да ги читаат часовниците. Ќе има и вежби за поврзување и изедначување на механичките и дигиталните часовници, зашто, да се научи да се чита времето значи и спријателување со сите видови часовници одеднаш. Книгата почнува со преглед на најразличните часовници околу нас, џебниот, рачниот, механичкиот, дигиталниот, уличниот, ѕидниот, часовникот за на шкафче… потоа го внесува ликот на Чаки Часовникот, новото другарче на читателите, со чијашто придружба првин се осознава часовникот како направа, сосе неговите делови, потоа се осознава и концептот на времето, на должината, на траењето на секојдневните нешта и активности.

Серијалот книжевни промоции продолжува в четврток (20 февруари) во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на новата есеистичка книга „Дом во тишина“ на Никола Маџиров. Промотори на книгата ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанковски. Првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на којшто се напишани. „Дом во тишина“ е своевидно враќање дома на Никола Маџиров, во својот јазик. Изданието содржи триесетина есеи распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Современи и Епистоларни. „Дом во тишина“ е многу значајна книга за современата македонска книжевност. Во „Дом во тишина“ се најдоа сите есеи на Маџиров претходно публикувани во светот, на други јазици, но и сосем нови. Сите фанови на трилерите ќе можат да уживаат во т.н. „Трилер вечер“, закажана за следниот ден (21 февруари), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Скопје сити мол“. Трилер-жанрот е во подем во нашата литература, а последните неколку години се појавија свежи авторски дела кои го освојуваат вниманието на читателите. На настанот ќе учествуваат авторките на актуелни трилери Јана Мишо („Што се случи со Исидора?“), Сузана Камберова („Страшни приказни“), Андреа Мирческа („Девојката што ја наслика смртта“), Марија Ралповска („Сенки во подземјето“ и „Мастилна мапа“) и Мери Арсова („Опасна игра“), како и уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Во улога на модератор ќе биде Анде Д. Јанков. В сабота (22 февруари) во 12 часот во „Литература.мк“ во „Ист гејт“ ќе се одржи работилница за деца инспирирана од Исидора Мун, со што Скопје ќе се приклучи во одбележувањето на интернационалниот „Исидора Мун ден“. Посетителите на работилницата ќе имаат можност да се дружат со Исидора Мун, да цртаат, бојат, и да изработуваат крилја. Исидора ќе поттикне насмевки и ќе ги развесели лицата на сите дечиња кои сакаат Facepaint (насликани лица). Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилја, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото зајаче. Во серијалот од авторката Хариет Мункастер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, досега се објавени 15 книги посветени на Исидора Мун и три наслови со Мирабела, палавата братучетка на Исидора. Во 18 часот, на истата локација ќе се одржи настан за сите фанови на мегапопуларниот „Покемон“. На интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс“ и „Пагода“, ќе се одржи размена на карти, ќе има едукативен и натпреварувачки дел, како и многу изненадувања и подароци. Исто така, ќе има и работилница за изработка на оригами. „Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за македонските фанови. Pokémon е популарна јапонска франшиза, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon. Програмата на „Денови на литературата“ ќе биде заокружена в недела (23 февруари) во 12 часот, со весела дружба со Биби и Боби, во книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт“. Во рамките на продажната акција на петтото издание на „Денови на литературата“, што се одржува до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“, понудени се попусти на книги до 70%, грепки со подароци, книжевни промоции, интерактивна програма за деца и за фанови. Во продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 18 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Ид-концепт“, „Или-или“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Светот на Биби“, „Три“ и „Чудна шума“. Продажната акција „Денови на литературата“ се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“, во: „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје, во Битола (на „Широк сокак“) и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk. „Литература.мк“ подготви и изненадувања за своите посетители – со купени книги во книжарниците во вредност од минимум 1500 денари следува грепка со подарок. Меѓу подароците се: комплети со книги од Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Блаже Конески, Орхан Памук, Милан Кундера, Д-р Неле Карајлиќ, Барак Обама и Мишел Обама, серијалите Хари Потер и „Темната граѓа“, „Прва училишна енциклопедија“, „Мојата прва библиотека“, „Мали умни глави“, детски класици на англиски јазик, како и блузони, зимски капи и друго. Секоја грепка е добитна! Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за сите посетители.

 

Најново

Формирана работна група за системско решавање на вандализмот

Sase Ivanovski

Обид за силување во светиниколско село: 28-годишник допирал по телото 18-годишна девојка

Sase Ivanovski

Путин се огласи: Првата реакција на рускиот претседател по разговорите во Ријад

Sase Ivanovski

Кабинет на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија: Расправата на која ќе се расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје ќе се одржи на 25 февруари 2025.

Sase Ivanovski

ОПЕЛ, ШАМПИОН СО ДОЛГ ОПСЕГ: НОВИОТ GRANDLAND PLUG-IN HYBRID

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Наместо половични мерки власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Лимани: Брзиот развој на индустријата, континуираниот напредок на технологијата и новите услови за работа, ја наметнуваат потребата од ревидирање на листата на опасни занимања

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Партијата на нонгратите е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав

Sase Ivanovski

СДСМ ПРИЛЕП: Четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запаметено и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Sase Ivanovski

14 годишник планирал напад врз железничката станица во Виена, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Слаба контрола на законската обврска: За една година само четворица граѓани добиле казни за нечипирано куче

Sase Ivanovski

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Sase Ivanovski

На Трамп почна да му паѓа рејтингот, економијата ги мачи Американците

Sase Ivanovski

Драма кај Лазаревац, Србија: Работници затрупани со земја при копање канал

Sase Ivanovski

Учесност на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во Мароко

Sase Ivanovski

Струмичанец избол со нож 22 години помлад човек од Василево

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ги ослободи сите преостанати заложници во втората фаза од прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Агелер: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон Унијата, но поддршката продолжува

Sase Ivanovski

Млад Србин се обидел да влезе во Македонија со „БМВ“ украдено од Германија

Sase Ivanovski

Професор нападнал ученик со метален предмет во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешното момче на Кејт Мос, Пит Доерти има сериозна болест: „Морам да одмарам за да не ми ги ампутираат прстите на нозете“

Sase Ivanovski

МОН дава финансиска поддршка за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

(ФОТО и ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Sase Ivanovski

Уставен поведе постапка – судијата Кадриу ја нарече скандалозна одредбата со која се унапредуваат членовите на Обвинителскиот совет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Леклер постигна рекордно време во неговиот прв тест со новиот автомобил на Ферари

Sase Ivanovski

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

Sase Ivanovski

Вреди пее иста песна за химната, но нема текст

Sase Ivanovski

Поставени повеќе од 200 столпчиња на градските улици, обновени над 800

Sase Ivanovski

ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Велс

Sase Ivanovski

Сервер: Договор кој ќе ја компромитира Украина може да го охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

Sase Ivanovski

Зибери: Институциите да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“

Sase Ivanovski

Јаневска: Ќе се реформира Агенцијата за квалитет во високото образование, бидејќи не ги задоволува потребите

Sase Ivanovski

Усвоен 16-тиот пакет санкции против Русија: Нема целосна забрана за увоз на руски течен природен гас во ЕУ

Sase Ivanovski

Ако некој го качил во кола, да не се плаши и да се јави во полиција, апелира семејството на исчезнатиот Миле од Неготино

Sase Ivanovski

„Специјалниот“ претставник на Трамп за Украина пристигна во Киев на средба со Зеленски

Sase Ivanovski

Русија го пофали Трамп затоа што кажа дека НАТО е главната причина за војната во Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава против вработена во Одделението за управни работи Куманово, непрописно продолжила регистрација на возило

Sase Ivanovski

Од септември средношколците со попреченост ќе добијат образовни асистенти

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии во академската 2025-2026

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Симона Цветановски: Страшно, не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Средба на КОБ со одбранбените аташеа во земјава – Размена на мислења за безбедносните политики и за членството во НАТО

Sase Ivanovski

На 84 години Том Џонс најави светска турнеја, ќе пее и во Хрватска!

Sase Ivanovski

Перински: Не се согласувам дека посетите на општините се почеток на предизборна кампања

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети е во постојан контакт со Груби

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 268 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Влада на Република Северна Македонија, Митева: Вложувањата во квалитетот на живот и здравјето за граѓаните се наш приоритет, донацијата на уреди за филтрација на воздух од компанијата ЕКОТИП ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи

Sase Ivanovski

МЖСПП: Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Александар Аексовски: Партизација наместо реформи, зад разрешувањето на Јавниот одбвинител се крие обид за инсталација на партиски послушник

Sase Ivanovski

УСАИД ја финансирала изборната комисија на Молдавија преку конзорциум, призна замeник-претседателот на ЦИК

Sase Ivanovski

Значително поскапеа некои постари половни автомобили

Sase Ivanovski

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами

Sase Ivanovski

Руте: Фер е европските членки на НАТО да ги зголемат трошоците

Sase Ivanovski

Орбан: Се остварија нашите стравови, нема да дозволиме да најдат безбедно засолниште во Европа!

Sase Ivanovski

Обвинителството на БиХ предлага строга казна за Додик и 10-годишна забрана за вршење јавна функција

Sase Ivanovski

„Рамбл“ отвори претставништво во Македонија

Sase Ivanovski

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Sase Ivanovski

Кина ги поддржува сите напори за мировни преговори во Украина, предлага четири точки за мир

Sase Ivanovski

Макрон за утре свика нов итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Зеленски жестоко му одговори на Трамп: Нема да ја распродадам Украина, нема да може да ме замените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Повеќе од 150 китови се насукаа во Австралија

Sase Ivanovski

Прегазен 17-годишен пешак на булевар во Скопје

Sase Ivanovski

Селимовиќ брутален кон синот и сопругата – ги задавил на спиење

Sase Ivanovski

Атина денеска без такси превоз

Sase Ivanovski

Акција во Србија – даночна полиција „чешла“ 50 фирми

Sase Ivanovski

МЗ: Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри

Sase Ivanovski

Медведев: Стаорецот е во ќош, потребно е итно истребување

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците, партијата е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

Нова кривична за Перпарим Бајрами – закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната

Sase Ivanovski

Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лукаревска: Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Кацарска, Трпков, Коцевски и Русковска се директно одговорни за ставање под закрила на криминалот на СДС и ДУИ, доаѓа крајот на ваков правосуден систем

Sase Ivanovski

Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина

Sase Ivanovski

Доналд Трамп: Русија може брзо целосно да ги уништи украинските градови – но не сака

Sase Ivanovski
Вчитувам....