МАКТЕЛ

     

Александар Јорданов „исвиркан“ во македонскиот парламент

      

Бугарскиот европарламентарец Александар Јорданов се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи дека Гоце Делчев е Бугарин, а браќата Миладиновци објавиле бугарски песни.
Попладнево се случи бугарско сценарио во македонскиот парламент. Европарламентарецот Александар Јорданов, кој е член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија- ЕУ дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни а ги нарекле македонски само затоа што биле од географскиот регион Македонија, дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и генерално нема атмосфера за уставни промени.

Јорданов, кој знае да се спушти многу повеќе нивоа во говорот на омраза кон Македонија кога зборува од Брисел, предизвика револт и дофрлање кај македонските пратеници кои го прогласија за неук да зборува за темата и побараа да не држи час по историја, бидејќи за тоа си има историска комисија. „Мојот впечаток е дека сум присутен во две Македонии – една за која слушнав од граѓанското општество, вклучувајќи ги и граѓанските организации на Бугарите и втората, од политичарите. Очигледно имате многу проблеми во сите можни сфери, вклучувајќи ги и добрососедските односи. Мојот впечаток е дека ова е околина каде што е тешко да се носат одлуки. Има конфронтирачка атмосфера, исто како и во Бугарија. Но, проблемите треба да се решаваат, а не да се ставаат под тепих“, рече Јорданов во учтивиот дел од обраќањето, пред да почне да провоцира и да навредува.

   

„Во парламентот очигледно нема атмосфера за уставни промени. Ве прашувам, кога ќе се случат тие? Слушнав примери за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија, за опожарување на културните клубови, за славење на сторителите, за носење на ретроактивниот закон – сето тоа е неприфатливо во Европската унија. Дали е ова владеење на право? Ова не е само прашање на односите на Бугарија и Северна Македонија, ова е прашање на човекови права и вредности“, рече Јорданов, кој порано беше и амбасадор на Бугарија во Скопје. Тој потоа се префрли на држењето лекции од историја, која како што повтори неколкупати треба да се базира на реалноста, а не на тоа како сакаме ние да изгледа реалноста.

„Мора да знаете историја. Таа е вечна дисциплина. Гоце Делчев неколкупати се декларирал како Бугарин. Браќата Миладиновски напишаа зборник на бугарски народни песни кои ги нарекоа македонски само затоа што се од регионот на географска Македонија. Не може тие да станат македонски песни“, рече Јорданов, по што наиде на довикувања од пратениците дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија и дека историјата овде не е тема, на што тој возврати дека, напротив – историјата била европска вредност. Притоа не пропушти да порача дека приемот на Македонија во ЕУ зависи најмногу од добрите односи со Бугарија.

Соња Мираковска од НСДП, која го водеше Мешовитиот комитет, му возврати со лекција за добро однесување, без да му даде повод да се жали на сите страни дека наишол на политичка нетолеранција во македонскиот парламент, по што доби аплауз од нашите и европските пратеници. „Непримерно е овде да зборувате за тоа, ниту пак имате научни докази како се чувствувале Македонците“, му возврати таа. Потоа го потсети дека Комитетот на министрите на Советот на Европа има резолуција која утврдува дека нашата држава системски не го дискриминира бугарското малцинство. За законот за имињата на граѓанските здруженија му порача дека е усвоен со консензус од сите политички партии, дека тие не се забрануваат туку начинот на кој се именуваат и дека такви правила има и во Германија. За уставните измени рече дека е формирана работна група која работи на нив и дека станува збор за долг процес во кој самата процедура на измена на Уставот трае четири месеци.

„Ова е вторпат да го отвораме Уставот за краток период. Немојте да мислите дека тоа е едноставно и лесно за граѓаните на Македонија. Пријателите си помагаат во вакви моменти, а многу изјави на бугарски политичари не ни помагаат да ги направиме измените. Видовте како ние ги меревме зборовите за да не си ги отежнуваме работите. Никој не бил во ваква позиција за да знае колку е тешко да се направи ова. Никој не може ни да нѐ обвинува за дискриминација на етнички малцинства кога ги слушнавте пратениците Албанци како зборуваат слободно на албански јазик во парламентот. Јас само се надевам дека сите Македонци во сите земји ќе го добијат своето право за самопределување, што денес не е случај“, рече Мираковска и доби силен аплауз.

Реагираше и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека вистината е ова – дека патот на Македонија до ЕУ оди по два колосека: едниот се преговорите за акито и вториот, преговорите со Бугарија. Тој нагласи дека нема втор пример во светот на ваков систематски начин да се удира по правото на самоопределување на еден народ, по правото да го именува мајчиниот јазик и слично и дека е крајно понижувачко Македонија да треба да ја менува историјата и да менува како се определува за да влезе во Европската унија. Ниту една земја, додаде тој, не била условена со ваков диктат да се прифати еднострано толкување на историјата поради што 85 отсто од етничките Македонци се против францускиот предлог кој ѝ овозможи таква позиција во преговорите на Бугарија.

„Овие 85 проценти против се повеќе од сите излезени граѓани на било кои избори во Македонија досега“, рече Николоски, предупредувајќи дека ваквата политика на Бугарија има само контраефекти, бидејќи никој не сака да биде понижуван. На Мешовитиот комитет кој заседава во Скопје требаше да присуствува и Ангел Џамбаски, но тој иако беше најавен, не се појави во Собранието. Настапот пак на Јорданов покажа колку е осилена развластената коалиција на ГЕРБ-СДС, која доби мандат да формира влада со некои шанси да успее. Практично, денешниот скандал испровоциран од Јорданов покажа дека уште недојдени на власт, преставниците на оваа коалиција (Јорданов е од СДС – Сојуз на демократски сили) веќе провоцираат проблеми на Македонија, дури и повеќе од претходната техничка гарнитура.

Се виде исто така дека ВМРО-ДПМНЕ е безгласна буква во Европската народна партија(ЕПП) и дека Бугарија практично ја владее оваа политичка групација во ЕП, што стана јасно и од реакцијата на германската европарламентарка Марион Валсман од ЦДУ за забраната за влез за Андреј Ковачев, иако порано жестоко ги застапуваше позициите на нашата главна опозициска партија. Практично ова што се случи денес е најава што може да очекуваме ако Бојко Борисов и неговите се вратат на власт во Софија, со Екатерина Захариева или без неа. Олеснителна околност е само тоа што ЕПП не е веќе во Брисел тоа што беше и што бројот на премиери од оваа групација значајно е намален.

Во тој стил, Валсман порача денес дека добрососедските односи се „мошне важен предуслов за пристапување во ЕУ“, но дека Македонија не е единствената на која се однесува тоа, туку и на Бугарија и на Грција. Откако нѐ пофали за позитивните примери на соработка, особено во енергетиката, таа забележа дека имало и чекори назад, како што го оцени враќањето на Андреј Ковачев од границата.

„Северна Македонија покажа волја и има постигнато напредок околу овие прашања. Не мислам само на направените промени на Уставот, туку и на изјавата за немање територијални претензии кон соседите. Ние ги почитуваме и уважуваме овие напори. Живееме во време кога немаме друг избор освен да соработуваме за глобалните прашања. Добрососедство не се создава од нула. Треба да се гради чекор по чекор и да се покаже солидарност. Треба подготвеност да се носат непопуларни одлуки и тоа не е лесно, но сега само 53 отсто од граѓаните кај вас се за влез во ЕУ, а не толку одамна беа над 70 отсто. Ако не напредувате, трпението на граѓаните може да се истенчи и целиот процес да биде загрозен. Секој ден треба да работиме на подобрување на добрососедските односи за да ја постигнеме целта и треба некогаш да носиме емотивни одлуки, порача таа“, практично разидувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ како политички сојузник и околу уставните измени.

Тојс Ројте, холандски европарламентарец од групата на социјалдемократите, беше поексплицитен во пораките.
„Постои ризик од замрзнување на процесот на евроинтеграција, што не можеме да си го дозволиме. Сите од тоа ќе изгубиме, а добитник ќе биде господинот Путин и тие што сакаат да го дестабилизираат регионот. Треба да се запрашаме – како ќе ни судат идните генерации за ова што го правиме денес, и македонските и европските ? Дали ги оставивте настрана изборните резултати и лични конфликти за да станете земја членка на ЕУ и за да спречите геополитичка катастрофа на нашиот континент?“, предупреди холандскиот европарламентарец. Тој наедно порача дека промените што се бараат од нас треба да се направат на најбрз начин за да станеме со Албанија членки на ЕУ.
„И за вас и за нас оваа задача е поголема од идните избори“, рече тој. Мешовитиот комитет ќе продолжи со работа и утре, по што ќе се усвојат заеднички заклучоци. Ова инаку беше 21 состанок на овој комитет што зборува колку долго ни трае патот и до преговорите за членство.

   

Најново

(ВИДЕО) ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Sase Ivanovski

Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години

Sase Ivanovski

Трамп ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт

Sase Ivanovski

Таравари: Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЕУ е нашата цел, но треба да научиме да победуваме и во Вашингтон и во Брисел, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе од 500 гости на Самитот Македонија 2025 во Скопје

Sase Ivanovski

Од срцето на Европа – Чешка нуди литиум наместо јаглен

Sase Ivanovski

Мицотакис патува во Рим на средба со Мелони

Sase Ivanovski

Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Sase Ivanovski

Корупцијата сè уште е најголем проблем во државата, вели Мојсоска Блажески

Sase Ivanovski

За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Sase Ivanovski

Силен земјотрес вечерва во Романија

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

Sase Ivanovski

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

Sase Ivanovski

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

Sase Ivanovski

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

Sase Ivanovski

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

Sase Ivanovski

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување

Sase Ivanovski

Трамп: Демократите сакаат скапо да платиме за авионот што САД го добиваат како подарок

Sase Ivanovski

Туск ја обвини Русија дека стои зад минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Sase Ivanovski

Црна Гора: Казни до 60 евра за долготрајна употреба на автомобилски сирени

Sase Ivanovski

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski

KOД 2025 – МОЛК ЗА ДОКАЗИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРЕНИК, ИНТЕРВЈУ СО ПАНДОВ ПО ПОЖАРОТ

Sase Ivanovski

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

Sase Ivanovski

ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек

Sase Ivanovski

СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани

Sase Ivanovski

ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна

Sase Ivanovski

Шефот на британската морнарицата отстранет од должностите поради истрага

Sase Ivanovski

ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …

Sase Ivanovski

МУАМЕДИ: Најбитно е да имаш во “главата” а не на “хартија”…

Sase Ivanovski

ВЕНКО КРСТЕВСКИ: НЕ СЕ ПЛАШАМ НА ЗАКАНИТЕ!

Sase Ivanovski

КАМЕРНОТО ТРИО „АНИМАТО“ СО ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ „КВИНТЕСЕНЦА“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski
Вчитувам....