Во првата недела од мандатот Алиу се сретнал со дел од директорите на здравствените установи. Состојбата која ја затекнал на онкологија вели е катастрофална. Пациентите болни со рак немале минимум достоинствени услови. Ќе се менува и тендерската постапка за да не се доцни со набавката на лековите за нив.
За навремена превенција на болести, Министерството за здравство ќе организира бесплатни прегледи за дијабетес и висок крвен притисок за сите граѓани кои имаат над 40 години. Проектот ќе се спроведе во неколку фази, а граѓаните за терминот ќе бидат известени преку апликација. Се прави мапирање на здравствените установи кои се во лоша состојба и кадарот кој им недостасува. Досега Алиу вели оти увидел 57 проблеми во овој сектор за кои е потребно итно решение.Тој доаѓа на местото на Арбен Таравари, кој си даде оставка од министерската позиција, ја напушти коалицијата ВЛЕН и замина во опозиција