Во контекст на последните случувања во партијата, чувствуваме обврска да ја информираме јавноста и членството на Алијансата за Албанците во врска со ситуацијата која настана како резултат на едностраните дејствија на претседателот на партијата, г. Арбен Таравари. Овие повторувани постапки, кои се преземени надвор од статутарната рамка на партијата и без консултација со надлежните органи, предизвикаа голема конфузија , не само меѓу мнозинството членови на Алијансата за Албанците, туку и во пошироката јавност.
Соочени со ова наметната ситуација, и со цел да се обезбеди демократско и статутарно функционирање на партијата, огромното мнозинство на членството и ограноците на Алијансата за Албанците, на состанокот одржан на 25.05.2024 година во Скопје, донесоа одлука за формирање на Привремен Координациски Совет, кој ќе дејствува сè до разјаснување и стабилизирање на актуелната состојба во партијата. На овој состанок, Координацискиот Совет ги донесе следните важни одлуки:
1. Избор на координатор на советот За координатор на Координацискиот Совет е избран г. Арбен Фетаи, Претседател на Собранието на Алијансата за Албанците. 2. Став по однос на коалицијата „Влен“ Алијансата за Албанците ќе продолжи да биде дел од Владата во рамките на коалицијата „Влен“ како рамноправен партнер со пропорционално претставување во однос на другите партии во коалицијата. 3. Претставување во рамките на коалицијата „Влен“ Одлучено е да се формира нов претставнички тим кој официјално ќе ја претставува Алијансата за Албанците во сите структури и процеси на одлучување во коалицијата „Влен“. Овие мерки се преземени со цел зачувување на интегритетот на партијата, почитување на волјата на мнозинството и обезбедување на демократско и транспарентно функционирање на Алијансата за Албанците.