„Уште еден антиалбанец и антиевропски настроен е награден од нелегитимната влада на ВМРО-ВРЕДИ. Петар Богоевски, познат по своите повици и написи полни со омраза против Албанците и против самата Европска Унија, е назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ реагираат Алијанса за Албанците по назначувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Именувањето на Богоевски е исто така во целосна спротивност со моменталната европска ориентација на земјата и докажува дека Северна Македонија оди во поинаква насока од онаа што се градеше со децении и многу труд. Денес, албанските претставници во моноетничката и нелегитимна Влада ги легитимираа слоганите „Мртов Шиптар – добар Шиптар“, „Албанците се неизживеана стока“ и слични. Ова е срам и тежок удар за Албанците, за меѓузаедничките односи во земјата и за самиот образовен систем воопшто“, додаваат од опозициската партија.