Партијата „Алијанса за Албанците“ преку соопштение обвинува дека во истрагата за пожарот во Кочани се спроведувала „кампањата против Албанците, што ја најавил самиот премиер Христијан Мицкоски, велејќи дека „ќе ги фатиме за уши“ и ќе ги испратиме во затвор“.
-Сега таа кампања ја спроведуваат во пракса Обвинителството и Министерството за внатрешни работи. Неправедните, неосновани и чисто етнички мотивирани апсења, злоупотребувајќи ја кочанската трагедија, имаат две цели:– Да се сокријат вистинските одговорни, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи и актуелните раководители на надлежните, локални и централни органи. Да се заплашуваат Албанците, да се угнетуваат Албанците и да се предизвикуваат револт и меѓуетнички тензии, со цел дефокусирање од реалните проблеми и одговорности. Алијансата за Албанците, која во првите моменти изрази сочувство и ја сочуствуваме болката со семејствата на жртвите во трагедијата во Кочан. Нѐ интересира правда и одговорност, целосно расветлување на случајот и казнување на вистинските виновници за семејствата да добијат барем правна сатисфакција. Веруваме дека неправдата, апсењата и обвинувањата против лица кои не се одговорни за овој случај, како и политичката и етничката злоупотреба на овој случај, се исто така неправди и против самите жртви и нивните семејства, кои најмногу очекуваат правда, а не злоупотреба на нивната болка. Ги покануваме раководителите на Владата, Обвинителството и судовите да ја запрат оваа кампања која никому не му користи, туку им штети на сите, без исклучок, и на оние кои бараат правда и на оние на кои денес им се нанесува неправда преку неосновани обвинувања и апсења, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.