Овој план уште еднаш ја нагласува неопходната потреба од значајни подобрувања во инклузивноста, социјалната правда и транспарентноста, кои постојано недостасуваат.
Обидите овој план да се претстави како амбициозен, но не и сеопфатен, обидот да се потврди поголем фокус на младите во период кога на земјата сè повеќе ѝ недостасуваат млади луѓе и притоа оставајќи ги другите групи настрана, јасниот недостаток на транспарентност во распределбата на средствата и изборот на корисници, исклучувањето на постоечкиот приватен сектор, и најважно, недостатокот на сериозен пристап за сериозно мерење на резултатите, се доволен доказ дека овој план во себе содржи нагласени дози на популизам, токму кога сме на прагот на локалните избори.
Самото доцнење на објавувањето на овој план, односно на средина на годината, и објавувањето на првиот повик од овој план кога веќе заврши првата половина од годината, уште еднаш ја потврдуванесериозноста на оваа мерка.
1) Овој план ни се презентира како да е фокусиран на млади лица до 29 години, но евидентно ги занемарува другите возрасни групи како целина, невработените жени во руралните средини, другите активни баратели на работа, недостатокот на долгорочен оперативен план за повеќемесечни и модуларни обуки, пред објавувањето, со цел потенцијалните апликанти навреме да се подготват со потребните знаења, вештини и претходно разјаснување на нивните идеи.
2) Токму оние кои со години се активни баратели на работа, економскиот сектор постојано има потреба од квалификуван кадар, а овој план предвидува обука за само 600 лица за нови вештини, додека програмите за самовработување опфаќаат многу ограничен број на корисници во споредба со потребите на терен.
3) Недостасува независен систем за мерење на влијанието на мерките. Не се објавуваат податоци за корисниците, критериумите за избор или реалниот успех на вработувањата.
4) Програмата се фокусира на ангажмани во јавниот сектор и сезонска работа. Нема мерки кои ги мотивираат приватните претпријатија да вработуваат или да соработуваат за долгорочен развој.
5) Недостатокот на јасноста во спроведувањето на мерките отвора пат за немериторни или политизирани селектирања. Ова ја нарушува довербата на јавноста и ефективноста на политиката за вработување.
6) Излегувањето на министерот за економија на терен за да ја промовира мерката за самовработување како негово најголемо достигнување, не е ништо друго освен уште еден доказ за недостаток на визија за реализација на капитални проекти, нагласен недостаток на партнерство со постоечкиот реален економски сектор и пред сè недостаток на ориентираност на странски инвестиции во западниот дел на земјата. До денес НУЛА странски инвестиции во албанските населени места.
Ние како Алијанса за Албанците бараме:
* Проширување на поддршката за маргинализираните категории, особено жените и долгорочно невработените.
* Активно вклучување на приватниот сектор за создавање одржливи работни места, што ќе го олесни наоѓањето работни места за активните баратели на работа и ќе ја ублажи постојано растечката потреба за работници од реалниот економски сектор.
* Критериумите и селектирањата да се објават јавно преку транспарентен портал.
* Создавање механизми за независен мониторинг и објавување мерливи извештаи за резултатите.
* Зголемување на буџетот за поефективни мерки, врз основа на праведни, а не популистички проценки.
* Презентирањето на предложените мерки како сензационални достигнувања од страна на актуелните владини претставници не гарантира никаков успех во имплементацијата, уште повеќе, кога истите не се ништо повеќе од копија на истата план-програма со години наназад.
* За да разберат сите колку успешна била оваа мерка во изминатите години и за да се засноваат очекувањата за актуелната мерка, бараме Министерството за економија и Агенцијата за вработување како имплементатори на оваа мерка, итно да излезат со официјални податоци каде што ќе го објават бројот на корисници за последните 5 години, бројот на основани бизниси за овие 5 години и реалниот број на нови бизниси кои успеале да преживеат по основањето.
* Не може да има успешна мерка за самовработување, кога финансиските средства за нејзина реализација се предвидува да се користат само за набавки и ситна опрема, додека од првиот ден овие корисници се принудени да регистрираат компании и почнуваат да се товарат со обврски за плати и придонеси. Бараме барем за периодот додека трае обврската за известување кон државата, односно две години, исто така за истиот период корисниците да имаат обврска за самовработување во компанијата, меѓутоа да бидат ослободени од плаќање на обврските за придонеси и осигурување кон државата, што би претставувало директно олеснување за корисниците.
Владата има јасна обврска кон граѓаните: да обезбеди секое евро потрошено во име на вработувањето да има директно и чесно влијание. Политиките за вработување не треба да бидат само бројки на хартија, туку реалност за луѓето.Оперативните планови за 2024 и 2025 година ги задржуваат истите главни точки, но не носат нови решенија за структурните предизвици.