АЛКАЛОИД АД Скопје, како постојан помагател на културниот живот во нашата земја, овојпат го поддржа издавањето на автобиографското дело „Боите на мојата музика“, приказна за животниот и за творечкиот пат на истакнатата македонска пијанистка Снежана Анастасова-Чадиковска.
Промоцијата на книгата ќе се одржи на 27 јули во 19:00 ч. во рамките на „Охридско лето 2023“, во предворието на Црквата „Св. Софија“.Бидете дел од приказот на креативноста и упорноста на едно големо македонско музичко име.