Ракометарите на Алкалоид во првиот четвртфиналниот натпревар против романски Баја Маре на гостински терен одиграа нерешени 31-31. Алкалоид играше со црни траки на дресовите, а се одржа и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани. Тимот на Кире Лазаров играше без најдобриот играч Марко Митев кој се повреди во Словенија.
Мечот беше рамноправен и во егал до 11-11, а потоа Баја Маре влезе во серија и поведе и со 18-14, до полувремето. Во вториот дел Алкалоид губеше и со пет гола, но скопскиот клуб предводен од Велковски, Ивановски, Серафимов и Петковски се врати во игра и поведе дури со 27-24. Баја Маре успеа да израмни на 29-29. Во последните минути со головите на Петров и Џонов скопјани дојдоа до плус 2, но домаќините од игра и од пенал успеаја да стигнат до реми пред реваншот во Скопје.