20.8 C
Скопје
02/05/2025 19:21
МАКТЕЛ

     

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

      

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

   

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 24 % во споредба со првите три месеци од минатата година. Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 32 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 68 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 25 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 23 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Продажбите на странските пазари во првиот квартал од 2025 година се во согласност со предвидената динамика и бележат раст од 8 % во однос на планот. Во периодот што следува очекуваме кумулативните пласмани на странските пазари да ги надминат минатогодишните. Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени на Јужна Африка, кои се зголемени 3,8-пати; потоа во Холандија, каде што се зголемени 3,7-пати, во Португалија, каде што се зголемени 2,3-пати, како и во Австрија, каде што продажбите се удвоени. Потоа следуваат оние во Грција (раст од 40%), Финска (раст од 39%), Ерменија (раст од 29 %), во Украина (раст од 13 %), Босна и Херцеговина (раст од 12 %), Саудиска Арабија (раст од 10 %), во Словенија (раст од 9 %), Србија (раст од 6 %), Хрватска (раст од 5 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 92 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 29 %, препаратите ОТЦ со 16 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 8 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 5 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 7 %, хемија намалување од 3 %, козметика пад од 11 %, а билкарство намалување од 13 %. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 256.658 илјади денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 744.810.347 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 407.432.285 денари и е зголемена за 4 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 928.314.407 денари и бележи раст од 8 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 491.703.111 денари е зголемена за 3 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – март 2025 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 13 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата АЛКАЛОИД брои 3.046 вработени, од кои 2.288 се во земјава, а 758 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2025 година се движеше од 26.800,00 до 31.099,00 денари или просечно 28.966,38 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со Друштвото и на генералниот тренд на движење на глобалните и на регионалните берзи. На 31.03.2025 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 6.188 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 39,4 милијарди денари. На 1 април 2025 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2024 година во износ од 901.752 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2025 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 630 денари бруто, односно 567 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2024 година е поголема за 16,67 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2023 година.

Бизнис-план за 2025 година

Бизнис-планот за 2025 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2024 година, предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 8 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2024 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2024 година. Бизнис-планот за 2025 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на Планот. Околностите и настаните во 2025 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат во однос на прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2025 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали. Дополнително, потенцијалниот ризик од глобална трговска војна може да предизвика нови покачувања на цените на суровините и да доведе до зголемени трошоци во работењето. Внимателно го следиме развојот на настаните и преземаме мерки за ублажување на овие потенцијални ефекти. Очекуваме во 2025 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и од вложувањата во развојно-истражувачки проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнувањето и во усовршувањето на нивото на знаења и на вештини на нашите вработени и во градењето таленти.

ПР текст

  

Најново

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка кој почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Тапанот на Ѓоргиев од ДНК доби нов дом: „Ѓорѓи нека свири преку тебе“

Sase Ivanovski

ЗНМ-Извештајот на Репортери без граници укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите

Sase Ivanovski

Погледнете го новото видео „Од статистички податоци до ефективни политики“, креирано во соработка помеѓу Finance Think и Државниот завод за статистика

Sase Ivanovski

Касами: Ние не го избркавме Таравари, тој самиот излезе и отиде кај ДУИ

Sase Ivanovski

ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

Sase Ivanovski

Денко Малески: Погрешен „Ден на македонската дипломатија“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сакате евтина работна сила за да нѐ нудите како робови на странски инвеститори? Трендафилов најави нови протести ако не се зголемат платите

Sase Ivanovski

Разбивање бариери, зголемување на продуктивноста!

Sase Ivanovski

Повеќе жени на пазарот на труд – повеќе економски можности за сите!

Sase Ivanovski

Уапсениот Грузиец во Грција осомничен за шпионажа бил регрутиран од негов сонародник во Литванија веројатно за руските тајни служби

Sase Ivanovski

Првпат во земјава спроведен рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Маж од Јапонија со автомобил удрил во седум ученици на возраст од 7 и 8 години – рекол дека сакал да ги убие

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пандев исправен пред тешки прашања…Но Гоче секогаш има одговор..

Sase Ivanovski

Амал Клуни се соочува со забрана за влез во САД

Sase Ivanovski

Германија: Целата АфД класифицирана како десноекстремна

Sase Ivanovski

Жерновски: Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос

Sase Ivanovski

„Сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување“, велат од ДУИ по повод падот на Македонија во Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Амзир Рушити (67) од Куманово во хумана мисија во Кочани – Ќе чисти 62 оџака во Кочани за да донира за повредените

Sase Ivanovski

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

Sase Ivanovski

Вработените во Зоолошка излегоа на протест: „Велигден и Први мај ги поминавме без плата“

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Sase Ivanovski

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Sase Ivanovski

Министерството за здравство: Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и не застанал на даден знак од полициски службеник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче се центар за ширење на лажни вести затоа има пад во Индексот на Репортери без граници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Sase Ivanovski

Поворно „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“: Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата, дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозно лажење на Владата – ја префрла одговорноста на вработените, зар тие јаделе на државна сметка!?

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: Избор на зет и невеста за Галичка Свадба 2025

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок

Sase Ivanovski

Директорот на НАЕОПМ, д-р Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори

Sase Ivanovski

Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2025

Sase Ivanovski

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ – Гоце Делчев 2025

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анита Ристеска: Прилеп се дави во ѓубре – неисчистени улици, преполни контејнери, глутници кучиња скитници, градска река по која пливаат пластични шишиња, ѓубре на секој чекор, диви депонии зад секој агол

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да ја проверат даночната пријава за 2024 година

Sase Ivanovski

Скопјанец физички нападнал малолетничка на паркингот на Средно Водно

Sase Ivanovski

Ковачки до Борисов: Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува

Sase Ivanovski

ФФМ немаше милост за Гостивар: Одземени девет бода, суспензии и високи парични казни!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач во кумановско затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти, вкупно 1200 во двата повици

Sase Ivanovski

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

Sase Ivanovski

Го цениме смелиот чекор на Таравари кој порано сфати дека оваа влада е антиалбанска, рече Ахмети

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст

Sase Ivanovski

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Sase Ivanovski
Вчитувам....