Со оглед на тоа што Јован е завршна година, матурант, во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, ова стипендирање ќе му биде добар поттик за успешно да ги заврши студиите кои ќе ги одбере.
„Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на нивниот долгогодишен партенр, Црвениот крст на РСМ, а за нивните 167 волонтери изразија благодарност, затоа што безрезервно помагаат во бројни ситуации.
– Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. „Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка – велат од „Алкалоид“.