Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска.
Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска, ама ние гордите македонски граѓани секој ден, само што ќе излеземе од дома, додека стигнеме до работа не можеме да се изнауживаме во скандинавски уредените општини, менаџирани од скандинавски освестени градоначалници. Кога ќе се качиш во градски автобус, не знаеш дали си во Стокхолм или си во Скопје. Кога ќе седнеш на плажа во Охрид, не знаеш од водата дали ќе излезе некоја стара машина за перење како статуата на Малата Сирена во Копенхаген. Со волонтери го чистиме од ѓубре Аквадуктот во Скопје од шести век, што е многу постар заштитен споменик од многу споменици во Норвешка. А персоналот на Шведската амбасада во Скопје, откако е отворена скоро 30 години, го чисти ѓубрето сегде кај што треба, без разлика дали на власт е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Неселективно, најскандинавски. Сите споменици на културата и национални паркови се реставрираат и се заштитуваат со странски донации. Што е прилично скандинавско менаџирање на институциите.
Најскандинавски е, кога граѓанин ќе се јави во Општина или инспекција да пријави неправилност, да му одговорат дека тоа не е во нивна надлежност. Најскандинавски е и кога во полиција ќе пријавиш семејно насилство да ти одговорат: Аман бе, пак ти? Ајде, ќе се смирите. Во Скандинавија граѓаните се охрабруваат да бидат одговорни. Ова, нашево, македонско скандинавство те обесхрабрува да бидеш одговорен граѓанин, да пријавуваш неправилности и да бараш од институциите што ги плаќаш да си ја вршат работата. Правдата е на твоја страна, ама институциите не се
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК