Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Дени Данон, денес изјави дека е сè уште „прерано“ за дипломатски разговори со Иран, но нагласи дека верува оти „тоа ќе се случи наскоро“. Зборувајќи со новинарите во ОН, Данон рече дека е сè уште „прерано да се проценат сите напади“ извршени од Израел врз нуклеарните постројки на Иран.
„Знаеме дека успеавме да ја одложиме нивната програма. Успеавме да ја отстраниме непосредната закана што ја имавме“, рече Данон, според Си-ен-ен. Тој рече дека Израел е отворен за нови односи со арапските земји. Сега е „време да се изградат мостови и партнерства во регионот“, рече тој, не посочувајќи на која било земја, туку наведувајќи ја нормализацијата на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко.