Бел чад се појави од оџакот над Систинската капела, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.
Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав XIV , се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“.Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон се појави на балконот на „Свети Петар“ и го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.Пред појавувањето на балконот, во изолираните сали на Ватикан, новоизбраниот папа се подготви избирајќи го своето папско име, кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.