Американската поштенска служба (USPS) денеска објави дека ќе продолжи да прифаќа пошта и пакети од континентална Кина и Хонг Конг, кои ги суспендираше само еден ден претходно. Американската пошта се предомисли, ќе продолжи да прима пратки од Кина. Американската поштенска служба (USPS) денеска објави дека ќе продолжи да прифаќа пошта и пакети од континентална Кина и Хонг Конг, кои ги суспендираше само еден ден претходно. USPS синоќа објави дека нема да прифаќа пратки од Кина и Хонг Конг до понатамошно известување, бидејќи САД воведоа нови царини од 10 отсто за кинески стоки и го елиминираа ослободувањето од царина за пакетите со мала вредност што влегуваат во САД.
Најавата за суспензија уследи по реакцијата на Пекинг на американското зголемување на царините за 10 отсто за производите од Кина, кои стапија на сила во вторникот. Како одговор, Пекинг објави царини за голем број американски производи: јаглен, нафта, земјоделски машини. Поштата денеска објави дека работи со Царината и граничната заштита за спроведување на процесот на порамнување според новите тарифи за Кина, без пречки во испораките. Одлуката на американската поштенска служба за суспензија се закануваше барем привремено да го запре влезот во САД на пакетите нарачани преку многу популарни онлајн апликации како што се Shein и Tema, кои продаваат евтини производи.