Првиот човек на ФЕД оцени дека економијата генерално е силна со солиден пазар на труд и инфлација повисока од 2 отсто. Претседателот на централната банка на САД (ФЕД), Џером Пауел, изјави дека пребрзото или преголемото намалување на каматните стапки може да ја зголеми инфлацијата, додека пребавното или премалото намалување на стапките може да ја ослабне американската економија. Пауел, во својот редовен полугодишен извештај до Конгресот на САД потврди дека банката нема да брза со намалување на каматните стапки. – Нашиот став сега е значително помалку рестриктивен отколку што беше, а економијата останува силна, пазарот на труд е солиден, а инфлацијата се намалува, но сè уште е над целта на ФЕД од 2%, така што не треба да брзаме со прилагодување на каматните стапки – нагласи Пауел.
Новиот американски претседател Доналд Трамп побара да се намалат каматните стапки.