На Доналд Трамп му истекува трпението што поскоро да го прекине најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, поради што започна жесток притисок врз Украина. Америка на тој начин, практично го „клекнува“ Киев на колена, свесна дека Украинците нема да можат уште долго да стојат сами против Русија. Според европските претставници, мировниот план на САД за Украина е капитулација пред Европа. Имено, како што наведуваат медиумите, од влегувањето на Трамп во Белата куќа, Европа стравува дека тој има поголеми симпатии кон руската страна во преговорите за завршување на војната. Додека Трамп е нетрпелив, аРусија не брза. „Путин игра игра на чекање, бидејќи верува дека времето е на негова страна и дека може да ја натера Украина на понеповолна позиција и да ги убеди Киев и нејзините европски сојузници со помош на Вашингтон дека нема друга алтернатива освен мировен договор за руски услови“, изјави за Си-ен-ен Џон Лок, шеф за надворешна политика во Центарот за нови евроазиски стратегии НЕСТ.
Или ќе изберат мир или ќе ја изгубат својата земја Украинскиот претседател Володимир Зеленски досега цврсто одбиваше да ја признае руската анексија на Крим, на што Трамп се пожали минатата недела, велејќи дека „запаливите изјави“ како неговите го отежнуваат завршувањето на оваа војна. Според американскиот предлог, Украина би се откажала од членството во НАТО, но не и во ЕУ. Гарант за безбедноста би била група европски држави. САД би ја признале руската контрола врз Крим „де јуре“ и „де факто“ врз Луганск, и делови од Запорожје, Доњецк и Керсон, меѓу другите. Нуклеарната централа Запорожје би била под американска контрола, а Украина би го вратила земјиштето во регионот Харков. Ова е капитулација: Отстапувањето на големи делови од украинската територија на Русија според американскиот мировен предлог би значело капитулација, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Тој за АРД изјави дека Украина знаела дека можеби ќе треба да отстапи одредена територија за да постигне траен договор за прекин на огнот, „но тоа сигурно нема – и не треба да оди толку далеку – како последниот предлог на американскиот претседател“. Додека Зеленски досега одбиваше да го признае Крим и покрај притисокот од Трамп, ситуацијата може да се промени откако двајцата лидери зборуваа во саботата на погребот на папата Франциск во Ватикан, прв пат по расправијата во Белата куќа кон крајот на февруари. Зеленски призна дека Украина нема воена моќ да го врати полуостровот со сила, но тој одамна појасни дека територијалните отстапки се црвена линија за Киев. Признавањето на Крим како руски, исто така, би било нелегално според украинскиот Устав. Трамп по разговорите во Ватикан рече дека верува оти Зеленски е подготвен да ѝ го отстапи Крим на Русија. Тој упати и ретки, досега најжестоки критики за Путин. Оваа недела ќе биде критична и одлучувачка во одредувањето на иднината на американските обиди да посредуваат за крај на војната. „Мораме да донесеме одлука дали ова е напор во кој сакаме да продолжиме да бидеме вклучени или дали е време да се фокусираме на други прашања“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, додавајќи дека тие се „блиску до договор, но не доволно блиску“.
Тој исто така посочи дека Вашингтон не ги проширува санкциите против Русија за да не го попречува мировниот процес. Тоа би можело да се промени бидејќи Трамп во неделата ја отвори можноста за нови санкции за Москва по минатонеделниот напад врз Киев, и се сомневаше дали Путин воопшто е заинтересиран за мир. „Ме тера да мислам дека можеби тој не сака да ја прекине војната“, рече Трамп. Преговорите одат добро… за Путин „Би рекла дека преговорите се одвиваат многу добро од перспектива на Путин. Тој нема намера да ја запре војната, но она што го сака и што го добива е обновување на дипломатските односи меѓу САД и Русија“, изјави за Си-ен-ен Ангела Сент, експерт за надворешна политика. Си-ен-ен пишува дека Трамп открива дека не е лесно да се дојде до Путин како што мислел и дека застојот, пазарењето за секој детаљ или одбивањето без експлицитно „не“ се класични руски тактики, кои Путин и неговите главни преговарачи ги користеле многупати во минатото. -Путин е познат по тоа што својата работа во КГБ ја опишува како „работа со луѓе“. Тој е обучен за уметност да манипулира со соговорниците. Познато е дека темелно се подготвува за преговори и е мајстор за детали“, рече Лок, додавајќи дека Путин е познат по тоа што „може да шармира и да заплашува во ист здив“. Си-ен-ен објави дека пратеникот на Трамп, Виткоф, без искуство во политиката или дипломатијата се обидува да постигне договор со Путин.