https://fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=498
Скопје, Северна Македонија (09 Април 2024) – Американскиот универзитет на Европа-ФОН (АУЕ ФОН) најавува нова соработка со ,, Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ)”. Целта на оваа соработка е преку взаемно организирани едукативни програми, настани, турнири, младите луѓе во нашата држава и регионот да добијат вистинска слика за тоа што еспортот претставува денес. Од голема важност е младите луѓе да добијат соодветна едукација и насоки за можностите коишто ги нуди овој спорт денес.
Еспорт е индустрија којашто се повеќе расте од година во година, а со тоа и создава многу можности за понатамошни професии на младите луѓе. Една од главните цели е да се претстави разликата помеѓу рекреативното играње видео игри и професионалниот гејминг, којшто е суштината на еспортот.
“Американскиот универзитет на Европа-ФОН се трансформираше и во својата агенда постави нови постулати на работењето на оваа наша прва приватна високообразовна институција во државава. Спојот на формалното образование, сертифицираните курсеви и тренинзи отворија широк дијапазон на нови програми за обука и дообука која ги зголемува можностите за соработката со институциите од нашата држава. Една од поваќните за нас соработки која ја започнавме неодамна е со ЕСПОРТ федерацијата, но и гејминг популацијата која и како спорт но и како култура, вредност и начин на живеење ја има кај нашите млади генерации на талентирани деца со реални вредности. Токму тука нашиот универзитет ќе помогне да даде свој придонес со својот либерален но и практичен пристап и да отвори можност овие генерации да бидат успешни во нивниот спортски дух но и во нивниот образовен развој” – изјави м-р Сефер Цаноски, Претседател на Управен одбор на Американскиот универзитет на Европа-ФОН
Водечките еспорт организации денес, се составени од голем кадар на луѓе којшто овозможува организацијата да функционира на највисоко ниво. Професионалните тимови имаат свои тренери, специјалисти за маркетинг и односи со јавност, спортски менаџери, адвокати итн.
“Голем број на млади луѓе во нашата држава и ширум светот мислат дека единствената опција за професионално занимавање со еспорт е да се биде професионален играч. Нашата заедничка цел е да ги претставиме и другите можности во еспортот за започнување на професионална кариера”. – изјави Бобан Тотовски, претседател на МЕСФ.
Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, со своето долгогодишно искуство и познавање на еспортот, заедно со ,, Македонската Еспорт Федерација”, ќе развијат програма за едуцирање на младите генерации коишто сакаат својата кариера да ја насочат кон оваа индустрија.
⦁ Повеќе инфо:
Website: https://fon.edu.mk/
⦁ Следи не на
Facebook: https://www.facebook.com/FONUniversity
Instagram: https://www.instagram.com/aue.fon.university/
YouTube: https://www.youtube.com/user/FONUniverzitet