27.8 C
Скопје
02/05/2025 16:53
МАКТЕЛ

     

Амзир Рушити (67) од Куманово во хумана мисија во Кочани – Ќе чисти 62 оџака во Кочани за да донира за повредените

      

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познат во градот како Дино, е во хумана мисија во Кочани. Негова цел е денеска и утре (втори и трети мај) да исчисти 62 оџака во градот, а собраните средства да ги донира на сметката на Црвен крст, за да им помогне на повредените од пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“, за процесот на нивното лекување. „Сметам дека за нив тоа е нужно, им треба, а ние како граѓани, како луѓе пред сѐ, должни сме да си помагаме еден на друг во вакви ситуации“, изјави тој за Радио Кочани по доаѓањето во градот. Ќе работи денеска и утре од рано наутро до вечер, а ако има потреба ќе остане уште еден ден. Смета дека луѓето кои сакаат да донираат, ќе ја искористат оваа можност да им бидат исчистени оџаците со професионална опрема. Нова технологија

До денес сѐ уште трае верувањето дека дека оџачарите носат среќа за оној што ќе успее да скине влакно од нивната четка или копче од оџачарската униформа, но тоа е сѐ потешко да се изведе. Современите оџачарски четки се челични, а униформите помодерни и без копчиња. Ако некогаш оџачарите оделе на работа пеш или на велосипед со ѓуле и четка во рака, и морале да се качуваат на покривите за да ги исчистат оџаците, денес не е така. Барем не за оџачарскиот сервис „Дино“ (единствениот регистриран за таа дејност во Куманово) кој користи современа технологија во работата. Станува збор за употреба на правосмукалка која го чисти оџакот и воедно го собираа целиот прав, со што се спречува дел од саѓите да паднат во просторијата. Со таква опрема Дино ќе ја почне денешната работа, што му олеснува да ја исполни најавената мисија и зацртаниот план. Кога би работел со застарена опрема, за два дена би можел да исчисти само од 8 до 10 оџаци. Како ќе успее да исчисти триесетина оџаци дневно? Вели дека прво со камери се прегледува што треба да се работи во оџакот, по што процесот на чистење оди брзо.

   

„Чистењето трае 15 минути. Не се качуваме на покрив. Машински и хемиски се работи. Ако работиме хемиски, пет минути ни треба за сета таа материја да се стопи. За пет минути таа материја ја собираме со правосмукалка. Ако е машински – работиме од долу, до покривот горе, зависи колкава е висината на една куќа или зграда. Во потешки ситуации за максимум 30 минути ја завршуваме нашата работа“, објаснува тој. Син на оџачар За акцијата на сервисот „Дино” се информирани Општина Кочани, тамошното противпожарно друштво и Црвениот крст, каде може да се пријават сите заинтересирани од градот, како и на бројот на сервисот 071 900 767. „Апелирам до граѓаните на Кочани, да ги исчистиме оџаците“, повика тој со надеж дека временските прилики денеска и утре ќе бидат поволни за што побрзо да ја исполни целта.

Овој хуман човек, од дете го јадел оџачарскиот леб. Неговиот татко Ејдин исто така бил оџачар, и тоа последниот во Куманово, и од него Амзир го научил занаетот. Кога Ејдин починал, Амзир решил да ја продолжи работата на неговиот татко и во 2010 година го отворил првиот професионален оџачарски сервис. Истиот денес дава услуги и во Скопје, Крива Паланка, Кратово, а Амзир за себе тврди дека е единствен оџачар во земјата кој има лиценци од Франција и Србија. Македонија подолго време се соочува со сериозен недостиг од едуцирани и сертифицирани оџачари. Освен тоа, проблем е и што оџаците најчесто се чистат само кога се целосно затнати, што претставува ризик за пожар, но и ризик за здравјето и за животната средина. Многу висок процент од пожарите се случуваат токму како резултат на неисчистени или неисправни оџаци. Притоа, дел од оџачарите во земјата сѐ уште работат со застарена опрема – ѓуле и четка. (Dw)

  

Најново

Амал Клуни се соочува со забрана за влез во САД

Sase Ivanovski

Германија: Целата АфД класифицирана како десноекстремна

Sase Ivanovski

Жерновски: Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос

Sase Ivanovski

„Сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување“, велат од ДУИ по повод падот на Македонија во Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

Sase Ivanovski

Вработените во Зоолошка излегоа на протест: „Велигден и Први мај ги поминавме без плата“

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Sase Ivanovski

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Sase Ivanovski

Министерството за здравство: Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и не застанал на даден знак од полициски службеник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче се центар за ширење на лажни вести затоа има пад во Индексот на Репортери без граници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Sase Ivanovski

Поворно „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“: Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата, дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозно лажење на Владата – ја префрла одговорноста на вработените, зар тие јаделе на државна сметка!?

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: Избор на зет и невеста за Галичка Свадба 2025

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок

Sase Ivanovski

Директорот на НАЕОПМ, д-р Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори

Sase Ivanovski

Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2025

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски ќе положи свежо цвеќе по повод родниот ден на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Sase Ivanovski

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ – Гоце Делчев 2025

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анита Ристеска: Неисчистени улици, преполни контејнери, глутници кучиња скитници, градска река по која пливаат пластични шишиња, ѓубре на секој чекор, диви депонии зад секој агол

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да ја проверат даночната пријава за 2024 година

Sase Ivanovski

Скопјанец физички нападнал малолетничка на паркингот на Средно Водно

Sase Ivanovski

Ковачки до Борисов: Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува

Sase Ivanovski

ФФМ немаше милост за Гостивар: Одземени девет бода, суспензии и високи парични казни!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач во кумановско затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти, вкупно 1200 во двата повици

Sase Ivanovski

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

Sase Ivanovski

Го цениме смелиот чекор на Таравари кој порано сфати дека оваа влада е антиалбанска, рече Ахмети

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст

Sase Ivanovski

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести, главната фабрика за тоа е СДС

Sase Ivanovski

Две кумановки пријавиле дека биле нападнати од нивните партнери на Први мај

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат

Sase Ivanovski

Тошковски и Обвинителството различно ги пресметуваат осомничените

Sase Ivanovski

Беровчанец нападнал полицаец па бил приведен

Sase Ivanovski

Маж од Паланечко ја претепал сопругата

Sase Ivanovski

Вучиќ доби ново предупредување од ЕУ пред заминувањето за Москва

Sase Ivanovski

За 3,9 проценти намален бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридорот 8: „Николовски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот?“

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

ОКТА ОСТВАРИ СИЛНА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Годината започна со предизвици на меѓународниот пазар

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

ТРАМП ВОВЕДЕ КАЗНЕНИ ЦАРИНИ ЗА „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ Еве колку ќе ги чини Американците производот примен по пошта

Sase Ivanovski

РУБИО ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА РУСКАТА ПАРАДА? Медиумите во Кремљ тврдат дека државниот секретар на САД ќе ја посети Москва, Вашингтон молчи

Sase Ivanovski

КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНУВА ОД САД?! Кина објави „бела книга“ за пандемијата

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка која почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Европската Унија е подготвена да понуди договор вреден 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Sase Ivanovski

Започнува исплатата на субвенции за потрошена струја

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и топло со можни поројни дождови

Sase Ivanovski

Топ Тема – Повторно избори без измени на Изборниот законик 30.04.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од бродовите на „Флотилата за слобода“ на Газа е во пламен и испратил СОС, по наводниот напад со беспилотно летало крај брегот на Малта

Sase Ivanovski

Утринава жена прегазена кај АМСМ

Sase Ivanovski

Злато под земја, геополитика на површината: Детално за договорот за минералите

Sase Ivanovski

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори, немале завршено обука за да оценуваат апликации

Sase Ivanovski

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, реагираат од СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин за првпат ги отвори вратите од својот стан во Кремљ, еве како изгледа неговиот дом

Sase Ivanovski

Колку се работи во Србија – повеќе отколку во секоја од земјите на ЕУ

Sase Ivanovski

Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕОАНКЕТА) Дали им верувате на новинарите?

Sase Ivanovski

Довербата во еврото расте: 25% од депозитите на бугарските домаќинства сега се во евра

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе се вработат 100.000 хрватски пензионери? Доаѓа клучна промена

Sase Ivanovski

Норвешкиот пензиски фонд, кој е најголем во светот остана без 40 милијарди долари!

Sase Ivanovski
Вчитувам....