20.8 C
Скопје
09/05/2025 10:21
МАКТЕЛ

     

Анализа: Квалификуваното мнозинство во одлучувувањето на ЕУ ја зголемува сигурноста од евентуални нови условувања

      

Реформскиот приод што го нуди француско – германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по пат нема да се појават други нови услови.Ова е оценката во анализата за МИА на претседателот на Советот на Амбасадори, амбасадорот Ѓорѓи Филипов и на Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје во врска со Извештајот за реформи на ЕУ, изработен од француско – германската група на експерти во кој за нас од особено значење е предлогот со кој се укинува ветото преку воведување на принципот за одлучување со квалификувано мнозинство (со гласовите на 55 отсто од државите членки или 15 од 27 членки и при тоа претставуваат најмалку 65 проценти од вкупниот број жители во ЕУ), освен за отворањето на преговорите и конечниот прием.

На прашањето колку ова ќе го забрза процесот на проширување и што значи тоа во контекст нашите обврски за уставни измени, односно преговарачката рамка, амбасадорот Филипов истакнува дека ваквиот реформски приод кон начинот на одлучување ја зајакнува позицијата на ЕУ не само кон одлучувањето во однос на проширувањето што нам во овој момент најмногу ни значи, но и во однос на брзината на одзивот или брзината на проактивното делување на ЕУ кога се работи за низа прашања од надворешната и безбедносната политика, фискалната политика (стапките на даноци и распределбата на ЕУ буџетот) и во последно време актуелната политика на имиграциите и миграциите.

   

-Со еден збор, ЕУ ќе стане позначаен фактор на глобален план не само како економска, туку и како политичка и одбранбена сила. Се разбира дека доколку се усвојат реформите во оваа насока предложени од француско-германската група на експерти македонското приклучување кон ЕУ ќе добие потврда плус, овој пат зајакната и со квантитативен фактор во облик на квалификуваното мнозинство гласови, а не само квалитативното ветување на најистакнатите членки на ЕУ Германија и Франција или обратно. Нормално уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет бидејќи прифаќањето да го исполниме тој услов овозможи да ги почнеме преговорите. На овој начин, сигурноста дека нема да се појават други услови по пат е драстично зголемена, оценува Филипов кој е поранешен македонски амбасадор во Германија.

Тој се осврнува и на мислењата неодамна изразени на он-лајн брифинг од двајца членови од експертската група со членството на Германското друштво за надворешна политика (ДГАП), чиј што член е и самиот од 2006 година. Даниела Шварцер од фондацијата „Бартелсман“, наведува Филипов, нагласила дека владеењето на правото во земјите кандидати и земјите членки нема да губи на значење ниту за земјите кандидати, ниту за земјите членки, што значи и ЕУ и кандидати паралелно ќе се приспособуваат на реформите кај себе и во ЕУ, односно ќе се трансформираат во од.

За разлика од неа, експертот Шаин Вале од ДГАП, член на Групата изготвувачи на предлогот, како што посочува, поголемо внимание му дава на проширувањето отколку на продлабочувањето на ЕУ посочувајќи дека продлабочувањето е внатрешна категорија и ќе биде постојана задача на ЕУ како некој вид модус вивенди за постоење.
Филипов посочува и на ставот искажан во дискусијата од Елмар Брок, долгогодишен ЕУ парламентарец, кој, вели, изразил задоволство што конечно постои предлог како да одат заедно проширувањето и продлабочувањето, а тоа е гласање со квалификувано мнозинство, но и мала сомнеж дека источните земји во ЕУ ќе се сложат со ваквиот предлог бидејќи имаат малку парадоксален став. Имено, тие се за проширување, но против квалификувано мнозинство бидејќи вели, им ја одзема можноста да бидат поставувачи на вето во надворешната, безбедносната, даночната и буџетската политика на Унијата.

-Тоа се засега само внатрешни прашања на ЕУ, а за нас е важно дека овој предлог не ја отстранува нашата обврска да ги направиме уставните промени, да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав и да ги исполниме Копенхашките критериуми, особено реформите и зајакнувањето на правната, законската и судската регулатива и нивната имплементација во пракса. Доколку се однесуваме според предлогот тоа само ќе ја забрза нашата ЕУ интеграција, дециден е амбасадорот Филипов.

Зоран Нечев од ИДСЦ, смета дека воведувањето на принципот на донесување одлуки со квалификувано мнозинство секако ќе придонесе кон забрзување на процесот на проширување.Земјите од Западен Балкан се составен дел од Европа и треба да се сметаат за сериозни партнери во европските прашања. Ова го истакна Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија

-Секако овој предлог не предлага укинување на ветото од страна на земјите членки заради зачувување на националниот интерес. Притоа, едногласноста секако останува, но таа се предлага за почетокот и крајот на преговорите. Новина би била воведување на квалификувано мнозинство за фазите помеѓу почетокот и крајот. Овој засега само предлог, нема да влијае на нашите веќе преземе обврски за уставни измени кои мора да се исполнат доколку Македонија сака да ја комплетира првата Меѓувладина конференција, вели Нечев.

Четирите брзини не се далеку од фактичката состојба во ЕУ, но целта на Северна Македонија е да стане полноправна членка
Во Извештајот е наведена и временска рамка за спроведување на внатрешните реформи, како и фазно приклучување во Унијата, преку четирите круга или „четири брзини“ на интеграција. На прашањето колку ваквиот концепт е во согласност со нашата цел за полноправно членство, односно дали можеби ова не е алтернатива на членството во Унијата, двајцата аналитичари подвлекуваат дека наша цел е да станеме полноправна членка на ЕУ.

Филипов во контекст на прашањето, посочува дека поставил слично прашање на он-лајн форумот, а одговорот на двајцата претставници од групата бил дека најзначајно е ЕУ да го усвои концептот на гласање со квалификувано мнозинство оти само така македонскиот, но и патот на останатите земји членки ќе стане порелаксиран од опасноста за политички блокади.
-Инаку француско-германската група инсистира на временската рамка зашто промените во светот нема да ја чекаат ЕУ или која било земја членка или кандидат. ЕУ мора да стане пофлексибилна во однос на пристапот на кандидатките кон неа. 2030 година останува како точка на спојување на кандидатките од Западен Балкан со ЕУ. Да повториме, тоа важи само доколку се усвои гласањето со квалификувано мнозинство, вели Филипов.

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењТој нагласува дека фазното приклучување кон Унијата не се разликува многу и од сегашната фактичка состојба во ЕУ.

-Постојат држави, моторна сила, Германија и Франција или обратно, држави кои се членки на Шенген зоната, држави членки на евро зоната, и држави членки на ЕУ. На почетокот тоа ЕУ беше само економска заедница, а сега во неа постојат четири категории на држави, што лесно може да се каже и четири круга, ако сакате и четири брзини. Некои од членките едноставно не сакаат да возат во четврта брзина (да бидат членки на евро зоната), други не сакаат да се членки на Шенген, а постојат и земји надвор од ЕУ (не сакаат да бидат во ЕУ, Исланд, Норвешка, Швајцарија), а се земји членки на Шенген, вели Филипов.
За нас, наведува тој, е важно што сакаме да станеме членка на ЕУ, заради закрилата што ја пружа во смисла на политичко-економска и финансиска солидарност и бројните други предности.

-Внатрешните реформи и продлабочувањето на ЕУ, наредните други внатрешни реформи во вертикална и хоризонтална насока се само начин на адаптација на една голема политичко-економска и безбедносна сила на промените што ги носи времето. Овие промени не се никаква алтернатива ами се сосема разбирлив дел на ЕУ секојдневието во кое верувам дека ни е местото и нам. Таму, внатре, а не на маргините на Европа, зашто Македонија е во Европа физички отсекогаш. Зошто македонскиот и останатите народи што живеат тука не би бил и политички, економски и одбранбено во неа. Зошто македонскиот јазик не би бил и еден од службените јазици во работните тела на Унијата, прашува Филипов.

Лидерите на ЕУ дискутираат за економски прашања на вториот ден од самитот во Брисел.
Нечев посочува дека државата аплицирала за полноправно членство во Европската унија и треба да опстои на ова свое барање и да продолжи да спроведува домашни реформи.
-Како Унијата, односно експертите кои работеле на овој извештај, ја гледаат Унијата е сосема друго прашање. Иако битно е да се напомене дека и сега постојат тие четири круга. А еден од тие четири круга за кои зборувате е токму оној кон кој државата претендира да стане член. Оттука, не гледам дека ваквиот концепт е некаква алтернатива на јасно искажаниот став на Македонија за членство во ЕУ, вели Нечев.На неформалниот Самит на ЕУ, што ќе се одржи во петок, еден ден по состанокот на Европската политичка заедница, во Гранада, почнува дебатата за реформите на ЕУ, во кои е вклучено и проширувањето.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....