Можат ли протестите во соседна Србија но и кај нас од артикулирање на студентски и граѓански барања како резултат на корумпираниот државен апарат да се формира нова политичка сила чија главна цел би било враќање на владеењето на правдата и функционирање на правната држава. Оваа дилема е една од носечките теми во анализите на повеќе регионални медиуми кои од близу ги следат случувањата во двете земји но и на Балканот. По големиот протест одржан во Белград на 15 март, се повеќе се зборува и пишува за потребата од артикулирање на студентски и граѓански барања од постоечко или наменски формирано движење, како и за неопходноста од формирање преодна влада, чија главна задача би била да го олесни фер одржувањето и спроведувањето на изборите за Народното собрание.
Слабата опозиција не успева да се наметне како фактор во протестите Но, она што во овој момент е сосема сигурно е дека по четиримесечни протести во Србија, кои беа исклучително добро покриени од странските и меѓународните медиуми, парламентарните опозициски партии не успеаја да се наметнат како водечки фактор. Нивните постапки во последните месеци може да се окарактеризираат како слепо следење на протестното движење, диктирани од студентите и граѓаните. Затоа, станува сосема легитимно да се запрашаме што носи иднината за јасно и непомирливо изразеното народно незадоволство, или подобро кажано, дали постои можност да се роди ново и автентично движење, чија поддршка и гласачка база ќе бидат револтираните граѓани кои со месеци ги полнат улиците на српските градови и села, барајќи правда за жртвите од несреќата во Нови Сад, пишува порталот „Стандарт.рс“. Потенцијалот за политичко артикулирање на протестната енергија секако постои, а дополнително на прв поглед крајно комплицирано, прашање е внатрешната организација на таквото народно движење.

Според порталот споредувањето на сегашниот протест во Србија со слични манифестации на гнев и незадоволство во Европа во изминатите дваесет години може да даде одговори на многу отворени прашања, вклучително и оние за политичко организирање. Со свеста дека поради специфичната внатрешна општествено-политичка ситуација во Србија, не е оправдано да се бара (целосна) сличност со демонстрациите што се одржуваат во другите европски земји, но заедничка точка на неодамнешните протести во Европа и Србија е изразена преку клучни и одлучувачки причини што ги наведоа граѓаните гласно да го изразат своето незадоволство во голем број, пишуваат медиумите. Слични протести во Шпанија и Италија со овие на Балканот Без намера да се навлегува во идеолошките прашања, имајќи предвид дека главните двигатели на народното незадоволство во Србија се перципираната распространета корупција (која е во корелација и со падот на настрешницата во Нови Сад) и непомирливото отфрлање на етаблираната политичка класа, значителен степен на сличност постои со неодамнешните протести на „огорчените“ во Шпанија или т.н. „Движењето 15-М/Мовименто“, како и со протестите организирани во Италија од познатиот комичар Бепе Грило, наречено подоцна „Движењето пет ѕвезди“ (Movimento 5 Stelle). Се разбира, протестите во Шпанија и Италија беа обликувани од специфични околности, како внатрешните што се однесуваат на самата природа на националниот политички систем, така и оние поврзани со наметнатите неолиберални мерки за штедење. И покрај ова, неспорно е дека, со временски јаз од над 10 години, гореспоменатите клучни причини кои решително ги мотивираа граѓаните да излезат на улица во српскиот, шпанскиот и италијанскиот случај се во суштина исти.

Протестите во Србија, заедно со демонстрациите на „огорчените“, често се поврзуваат и со повици за организирање и одржување генерален штрајк. Но, треба да се нагласи дека во Шпанија, како и во соседна Португалија, а за разлика од Србија, во последните четириесет години е создадена вистинска традиција на одржување генерални штрајкови кои ги прогласуваат овластени, репрезентативни синдикални организации. Во исто време сличноста со шпанскиот и италијанскиот пример станува уште поголема бидејќи во земјите имаше префрлање на протестите на граѓанинот до класичен упад на граѓанинот во политичкиот живот, при што „граѓанот лично стана политичар“, наведуваат регионалните медиуми на темава. Во Србија можна Влада на општествена доверба па избори? Сепак, излез од целава состојба во соседна Србија за поранешниот универзитетски професор, политиколог и политичар Слободан Самарџиќ е формирање на Влада на т.н. општествена доверба. Имено, како што објаснува професорот Самарџиќ како што одминува времето, станува се појасно дека политичката страна на протестот не оди во чекор со неговото историско значење.

Според него проблемот е што протестот мора да го има својот клучен исход во конкретно политички процес, кој треба да доведе до промена на режимот. – Политичкиот дизајн на општествените движења историски и логички им припаѓа на партиите. Ова е општата тенденција на модерната политика од крајот на 19 век. Пред сè, тоа е би требало да биде „Широка влада, составена од експертско-политички карактер. Истата треба да има само две цели и тоа, исполнување на студентските барања и обезбедување услови за слободни и фер избори. Единствено така би дошло до задоволување на тековните потреби и остварување на нејзините основни цели – анализира професорот Самарџиќ во една од неговите колумни на оваа тема. Дали незадоволствата од протестите во Македонија може да се канализираат во нова политичка опција? На истава тема неодамна говореше и универзитетскиот професор Борче Давитковски. Тој во емисијата „Пресврт“ се осврна и на протестите на младите и студентите на улиците во Македонија и за тоа како тие можат да се организираат и да си ги остварат своите барања институционално.

– За жал кај нас во изминативе години сите млади кои сакаа да бидат инволвирани во политика мораше да поминат во политичките подмладоци и да градат политичка кариера. Сега, за разлика од тогаш постојат низа форми каде што можат младите да се организираат и институционално да делуваат. Постојат пленуми, форуми, граѓански иницијативи, здруженија на граѓани итн. каде што овие млади луѓе можат да си ги артикулираат своите барања, а да не мора да одат преку политички партии. Пример имаме во соседството каде што студентите во Србија преку студентските форуми имаат барања кон власта за спроведување на законите. Истото тоа може и овде да се спроведе а може и политички да се организираат – појаснува Давитковски.