МАКТЕЛ

     

АНАЛИЗА: Придонеси за државата, здравје ,,на приватно” – парадоксот на системот

      

ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Секоe десетo евро оди во „Систина” – довербата на пациентите се мери во милиони. Кој може да плати, без размислување се определува за услугите на приватното здравство. Приватните болници се избор и на тие што немаат вишок средства, особено кога се работи за одделни интервенции за кои се плаќа партиципација. А, и кога нема таква можност, се подигнуваат банкарски кредити. Руинираното јавно здравство, без оглед на стручноста на преостанатиот медицински кадар, не ги задоволува потребите на пациентите, кои реалноста одамна ја преточија во виц: „Донесовте пиџама, влечки, газа, лекови? Да, носам и доктор ако случајно немате”.

Таквата ориентација за речиси 12 милиони евра ги зголеми приходите на седум приватни здравствени установи: „Аџибадем Систина”,„Жан Митрев”, „Неуромедика”, „Ремедика”, „Плодност” од Битола, „Д-р Органџиски” од Штип и „Санте плус Груп”. Во текот на минатата 2024 година, граѓаните за здравствените услуги што ги добиле од нив платиле 102,4 милиони евра – преку придонесите во ФЗОМ или директно. Една година претходно, износот бил 90,7 милиони евра. Треба да се напомене дека освен македонските граѓани, помош бараат и голем број пациенти од Косово. Анализа на нивните финансиски резултати, што ја направи порталот Пари користејќи ги податоците од БизнисМрежа, покажува дека и овде работењето е проследено со подеми, падови и пресврти. Притоа, може да се констатира: „Систина” ја зацврстува водечката позиција, „Жан Митрев” по загубите се враќа во позитива, „Ремедика” има стабилен развој, „Неуромедика” се движи по блага удолнина, „Плодност” полека, но сигурно расте, кај „Д-р Органџиски” растот е забрзан, а „Санте плус” е во фаза на драматичен пад.

   

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИХОДИ И ТРОШОЦИ – ВО „СИСТИНА” И во 2024 година „Систина” е неприкосновена од аспект на приходите, кои достигнуваат безмалку 64 милиони евра. И, за 10,97 насто се поголеми во споредба со остварените во 2023 година. Всушност, овој резултат е подобар и од регистрираните во Ковид-кризата, која беше „златно време” за приватното здравство. Во овој сегмент, со процентуалниот раст на приходната страна од 85,17%, се издвојува „Плодност”. А, сумата од 5,6 милиони евра е највисока во последниот петгодишен период. И „Д-р Органџиски” може да се пофали со приливите, чија годишна промена е +43,98%. Приходите на штипската болница се во континуран петгодишен раст, а лани достигнале 1,8 милиони евра. И „Жан Митрев” има солиден годишниот раст од 20,68 проценти. Приходите се зголемиле од 16,9 милиони во 2023, на 20,4 милиони евра лани. Во периодот од 2020 па наваму, за приходите на оваа Клиничка болница најповолна била 2021 година, кога се инкасирани 32,5 милиони евра.

Вкупните лански приходи на „Ремедика” се во износ од 9,1 мили евра. Регистрираната годишна промена е 14,34 проценти (8 милиони евра во 2023). И во овој случај, најголемите приливи (9,9 милиони евра) од обезбедените услуги за пациентите се запишани во 2021 година. Пониски приходи за 11,66 отсто има „Неуромедика”. Се работи за сума од 916,4 илјади евра. За споредба, преклани износот бил еден милион евра и е најголем во последниве четири години. Минус од 43,19% кај приходите бележи специјалната болница за гинекологија, акушерство и ортопедија „Санте плус Груп”. Од 2020 година наваму нема понизок износ од ланските 708 илјади евра.

Приватните здравствени установи имаат и сериозни трошоци, чија заедничка вредност е 92,5 милиони евра и за една година нараснала за безмалку 10 милиони евра. Нивните расходи лани се движеле од 697 илјади во „Санте плус” до 56,8 милиони евра во „Систина”. Всушност, „Санте плус” (-30,55%) и „Неуромедика” (-1,31) се единствените две болници кои успеале да ги скратат давачките. Во „Ремедика” трошоците се зголемени за 6,58%, во „Плодност” за 9,04%, во „Жан Митрев” за 12,13%, во „Систина” за 12,76%, а предничи „Д-р Органџиски” со плус 35,62%.

ДОБИВКАТА НА „Д-Р ОРГАНЏИСКИ” СО НАЈГОЛЕМ СКОК, НА „САНТЕ ПЛУС” ВО ДЛАБОК МИНУС Штипската приватна здравствена установа за една година ја зголемила добивката за респектибилни 248,04%. Всушност, во последниве пет години профитот на „Д-р Органџиски” осцилира, а врвот бил во 2022 година. И во битолската специјална болница може да се задоволни со оплодувањето на добивката за 85,17%. Во 2024 „Плодност” го остварил највисокиот профит во последната петолетка, од близу 870 милјади евра. Висок процентуален раст од 65,63% има и кај „Ремедика”, при што е достигнат износ од 1,4 милиони евра. Профитот на „Систина” е речиси на истото ниво како и во 2023 година, со тоа што ланскиот е понизок за 1,27 отсто. На рамномерната линијата на добивката, има едно поизразено отскокнување – во 2021 година, кога ќарот бил 17,4 милиони евра.

Особено интересен е пресвртот кај „Жан Митрев”. По двегодишниот период на загуби, лани го „разби малерот” и забележа симболична, но позитивна добивка од 114,5 илјади евра. Во овој поглед клиничката болница памти и подобри времиња, како на пример, 2021 година со финансиски резултат од 9,2 милиони евра. Најголемиот пад, пак, е запишан кај „Санте плус” од 99,39%. Од скоро 220 илјади евра во 2023 година, лани добивката се спуштила до 1.345 евра. Од друга страна, „Неуромедика” има пад на добивката од 75,03%. Сепак, останува во позитивната зона со регистрираните 33,3 илјади евра.

НАЈВИСОКИ СЕ ПЛАТИТЕ ВО… „Систина” е најголемиот работодавач меѓу овие здравствени институции. Тимот минатата година броел 1.144 вработени. Споредено со 2023, има промена од 4,67%, или повеќе за 51 ангажирано лице. Во овој поглед расте и „Жан Митрев”, чиј кадар од 301 вработен, повторно се врати на нивото од 2020 година. Во меѓувреме имало мали осипувања, но последната годишна разлика е за 14,89%. Што се однесува до „Плодност”, таму за една година имало седум нови вработувања (+6,48%). А, кај „Д-р Органџиски” биле пополнети уште две работни позиции (+5,56%). Дека „Санте плус” минува низ криза, покажува и намалувањето на кадарот, за 24,24%. Притоа, дојдени се до најниското ниво во однос на другите четири последователни години и во 2024 тимот броел 25 вработени. Опаѓање на персоналот бележат и „Ремедика” за -3,03% (192 вработени), и „Неуромедика” (-4,35%), која функционира со најмалку вработени – 22.

Кога станува збор за платите, највисоки се примањата во „Жан Митрев”. Просечно исплатената плата во 2024 била 105.609 денари. Но, првпат има пад од скоро 4%. Спротивно на тоа, „Систина” ја зголемила просечната плата за 7,9%. Извесни зголемувања има и кај другите четири приватни болници „Плодност” (4,03%), додека „Неуромедика” (4,13%), „Д-р Органџиски” (4,85%) и „Ремедика” (7,36%). Само во „Санте плус” месечните примања се скратени за 40,85%. А, просечната плата е изедначена со минималната.

(НЕ)РАМНОТЕЖА МЕЃУ ТРОШОЦИТЕ И ПРИХОДИТЕ Профитната маржа е показател кој го мери делот од приходите што останува како добивка по покривањето на сите трошоци. Колку е повисок процентот, толку е поефикасна и попрофитабилна фирмата. Од тој аспект, кај „Систина” е забележлива конзистентна профитабилност, со маржи околу 10% секоја година. Секако, освен исклучителната пандемиска 2021 (32,73%). Трендот е променлив кај „Жан Митрев”. Маржата била многу висока во 2020 и 2021, а потоа оди во минус (-2,24% во 2022), па потоа повторно во плус. Овие податоци упатуваат на нестабилност, но и на опоравувае. Рамнотежата меѓу трошоците и приходите ефикасно се одржува во „Ремедика”, каде што има умерен раст и стабилност. Нето-профитната маржа во петте години се движи од над 12% (2020) до над 15% во 2024. Во овој сегмент се издвојува 2021 со 23,48%.

Ефикасноста е влошена кај „Неуромедика”. Од 15,70% (2021) и 12,87% (2023), лани профитната маржа била сведена на само 3,67%. Уште полоша е состојбата во „Санте плус”, каде што има голем расчекор од од 38,79% во 2022 на минимални 0,22% во 2024 година. Осцилации има и во „Д-р Органџиски”. Драстичен е падот од 23,30% (2022) на 3,40% (2023). По што следи минатата година уследил благ раст на 8,24%. Во овој дел позитивен е примерот на битолската „Плодност”. Линијата на растот е постојана и стабилна – од 6,82% во 2020 до ланските 15,79%.

Податоците се потврда за реалноста на македонскиот здравствен систем, во кој јавниот сегмент речиси и не може да се смета за конкуренција на приватниот. Чија голема предност е можноста за инвестирање во иновации, во кадар и инфраструктура. Или, го има сето тоа што му недостасува на јавното здравство, а е важно за стекнување на довербата на пациентите, кои сѐ повеќе одат „на приватно”, зашто здравјето нема цена. Целата објава на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-ekskluzivno-sekoe-deseto-evro-odi/

  

Најново

“Низ Бугарија, Турција до Азербејџан, низ Грузија, преку Каспиското Море” Вучиќ раскажа по кој пат стигнал во Русија

Sase Ivanovski

Нова градинка по 50 години – Се отвараат вратите на „Пролет” во Центар

Sase Ivanovski

Николоски: Во финална фаза е тендерот за 120 електрични автобуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитров: „Чебрен“ е важен капитален проект, и би требало да го гради Македонија со сопствени пари

Sase Ivanovski

Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа

Sase Ivanovski

Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија

Sase Ivanovski

ДУИ: Длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во власта

Sase Ivanovski

Се очекува Трамп да објави рамка за трговски договор со Велика Британија, велат извори

Sase Ivanovski

СИТЕ 3.500 ПАЦИЕНТИ СО ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 ВО МАКЕДОНИЈА БАРААТ СИСТЕМ КАКО „ВЕШТАЧКИ ПАНКРЕАС“

Sase Ivanovski

Нови руски напади и покрај декларираното тридневно примирје од Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОД: Се проверува и дали податоците во системот за прием и системот за производство на енергија во ТЕЦ Неготино имаат исти податоци за количината на доставениот мазут од РКМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Работиме за првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред новата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Вучиќ: Јас сум тука да се борам за мојот народ и за мојата земја

Sase Ivanovski

Конклавата продолжува и денеска, можни се четири круга гласање

Sase Ivanovski

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот сè уште важи од наша страна, Москва молчи

Sase Ivanovski

Кац ги предупредува Хутите: Ќе претрпите тешки удари ако продолжите да го напаѓате Израел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Неколкумина полицајци се онесвестија додека Мицкоски држеше говор за денот на полицијата

Sase Ivanovski

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање

Sase Ivanovski

Пет работи што веројатно не ги знаете за познатиот затвор Алкатраз

Sase Ivanovski

Денко Малески: Да побрзаме – Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Борбен авион се урна во Финска, пилотот се катапултираше

Sase Ivanovski

Пауел: ФЕД не сака да ги намали каматните стапки бидејќи инфлацијата е над целта

Sase Ivanovski

Писателка убиена во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот син

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Естонија не го пушта словачкиот премиер Фицо да оди во Москва

Sase Ivanovski

Да побрзаме: Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Алијанса на Таравари формира изборен штаб во Гостивар, прв човек Исак Љазами

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Преписките меѓу Вреди и Таравари уште повеќе ја разгореа политичката реторика

Sase Ivanovski

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Sase Ivanovski

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Sase Ivanovski

Филипче: Лажниот патриотизам на ЗНАМ заврши како приватен бизнис-проект

Sase Ivanovski

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит: Тајван би можел да користи камикази чамци за да се заштити од кинеска инвазија

Sase Ivanovski

Чеченскиот воен лидер, Рамзан Кадиров вели дека сака да си даде отказ, но му е потребна дозвола од Путин

Sase Ivanovski

Носач на авиони на американската морнарица во борбата во Црвеното Море изгуби трет Супер Хорнет. Авионот вреден 60 милиони долари при слетувањето не успеал да застане на пистата…

Sase Ivanovski

На 11 мај (недела), во 11 часот на Школка во Градскиот парк, по шести пат ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“

Sase Ivanovski

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Треба да биде готов во 2027 година

Sase Ivanovski

Купови ѓубре и канти полни со смет утрово стоеја пред противпожарните излезни скали на Државното обвинителство кое формираше обвинителски тим за и го истражува пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе токму поради неисполнување на противпожарните стандарди

Sase Ivanovski

Миловановиќ: Се додека некој има против Македонија неможе да напредува на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Пендаровски: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството

Sase Ivanovski

Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Sase Ivanovski

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Sase Ivanovski

Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

Sase Ivanovski

Денеска почнува конклавата за избор на нов папа

Sase Ivanovski

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

Sase Ivanovski

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Sase Ivanovski

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Sase Ivanovski

Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Sase Ivanovski

ЕУ не е „фашистичка“

Sase Ivanovski

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

Sase Ivanovski

Експерти од Шведска ги едуцираа македонските општини за селекција на отпад

Sase Ivanovski

ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

Sase Ivanovski

Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен

Sase Ivanovski

Мерц ќе разговара за нуклеарното одвраќање со Франција и Велика Британија

Sase Ivanovski

Индија ги отфрла тврдењата за соборени авиони како „дезинформација“

Sase Ivanovski

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Sase Ivanovski

Германска поддршка за земјава во Берлинскиот процес

Sase Ivanovski

Bransys 17 години иновации и успеси, оваа година прославува во Лас Вегас на WasteExpo 2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Sase Ivanovski

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули

Sase Ivanovski

Фудбалерите на Шкендија се новите шампиони на Македонија

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Sase Ivanovski

181 студент остана без студентски оброк поради користење на семејна пензија, Јаневска најави дека проблемот ќе биде решен

Sase Ivanovski

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Sase Ivanovski

Разрешен специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Викторија Трајков: Предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ!

Sase Ivanovski

МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

Sase Ivanovski

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци

Sase Ivanovski
Вчитувам....