Телефонот „Ајфон“ на американскиот производител „Епл“ би можела да поскапи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе низа царини во земјите ширум светот, соопштија денеска аналитичарите на компанијата „Розенблат секјуритис“. Повеќето Ајфон телефони се уште се произведуваат во Кина, на која САДи воведоа тарифи од 54 отсто, објави Ројтерс. Акциите на производителот на телефони паднаа за повеќе од осум проценти по објавувањето на тарифите, најлошиот ден од септември 2020 година. Агенцијата наведува дека „Епл“ сега има дилема дали да прифати дополнителни трошоци или да ги пренесе на клиентите.
Најевтиниот модел „Ајфон 16“ кој беше лансиран во САД со цена од 799 долари (околу 725 евра), според пресметките врз основа на проекциите на аналитичарите наскоро би можел да чини дури 1.142 долари (1.035,74 евра). Оттаму посочуваат дека цената на споменатиот телефон би можела да се зголеми за 43 отсто, доколку „Епл“ реши новонаправените трошоци да ги пренесе на потрошувачите. Трамп наметна тарифи на широк опсег на кинески увоз во неговиот прв мандат како претседател за да ги притисне американските компании да го вратат производството или во САД или во блиските земји како Мексико, но потоа Apple обезбеди исклучоци за неколку производи. „Епл“ продава повеќе од 220 милиони Ајфони годишно, пред се на пазарите во САД, Кина и Европа, пренесува Танјуг.