АНАСТАСОВ: Во тек е целосна реконструкција на улицата “Тодор Александров” во Пробиштип, од спој со улицата “Никола Карев” до основното училиште “Никола Карев”
Проектот опфаќа целосна реконструкција, и тоа нов асфалтен слој, изградба на тротоари од двете страни на улицата, како и улично осветлување.
За овој проект општина Пробиштип обезбеди донација 17.4 милиони денари, додека еден милион е сопствено учество односно од општинскиот буџет.
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.