АНАСТАСОВ: Го потпишавме договорот за реализација на проектот “Изградба на рекреативен комплекс во Пишица” во Пробиштип, кој опфаќа асфалтирање на патот до браната, изградба на паркинг простор, осветлување, поставување на летниковци и урбана опрема
Овој проект е во вредност од 9 милиони денари средства обезбедени преку Источен плански регион, со делумно кофинансирање од општина Пробиштип.
Со реализација на овој проект ја збогатуваме туристичката понуда за нашата општина.
Општина Пробиштип и понатаму продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани.