На работната средба која ја одржавме во Јапонската вселенска агенција со поддршка на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија, постигнавме договор за бесплатно добивање на дополнителни сателитски податоци кои ќе ја подобрат функцијата на Македонскиот Информативен Систем за Шумски пожари (МКФФИС), со што ќе се зголемат техничките капацитети за побрзо лоцирање на горливи точки во доцните попладневни и вечерни делови од денот и со тоа предвидување на развојот на пожарот во текот на ноќта.
Исто така, ќе се овозможи пристап до сервиси за одредување на температурата на површината на земјата и сувоста на вегетацијата како и на кои локации е најголема опасноста од појава на пожари на отворен простор.