Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34та седница на Собранието се обрати пред пратениците каде што ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации со кој се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа.„Се соочуваме со една драматично влошена состојба во поглед на игрите на среќа, кој што за жал е во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи. Измените на законот ќе ни дозволат како институции да го спречиме ова нелегално приредување на онлајн игрите на среќа, кое претставува опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежните картички на граѓаните бидејќи врз овие провајдери нема никаква контрола.” изјави во своето обраќање Андоновски
Министерот своето излагање го заврши со зборовите дека очекува поддршката од сите пратеници и пратенички групи бидејќи оваа битка не е само на владата туку на целото општество против една пандемија која ни се случува во последниве години.