Рускиот тенисер Андреј Рубљов ја освои титулата на турнирот во Доха, Катар, откако во финалето го совлада Британецот Џек Дрејпер со 7:5, 5:7, 6:1 по три сета. Рубљев, 10. тенисер во светот, по два часа и шест минути оствари победа над 16. рангираниот на АТП листата, Дрејпер.
Русинот поведе со брејк во 12. гем од првиот сет, а израмни Дрејпер со брејк во 11. гем од вториот сет. Во решавачкиот сет Рубљев беше убедлив и ја обезбеди титулата со брејкови во вториот и четвртиот гем. Ова е 17-та титула за рускиот тенисер во кариерата, а прва сезонава.