Во Вашингтон отпатуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими. Продолжува постапката за предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со патувањето на функционерите од Република Северна Македонија на инаугурацијата на претседателот на Америка, Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. Еден месец по отворањето на предметот за патувањето на политичарите во Вашингтон, од ДКСК за редакцијата на Порталб.мк потврдија дека постапката е во тек. „Постапката за горенаведениот случај е во тек. По констатирање на фактичката состојба, решението за горенаведениот предмет ќе биде донесено и испратено на јавна седница на ДКСК“, кусо беше наведено во одговорот на ДКСК.
Темата за патувањата на владините челници во Вашингтон предизвика јавна дебата во земјата. Власта се пофали за нејзиното присуство во Вашингтон, а опозицијата настојува на тоа дека оваа патување не се истакнало со ништо посебно, освен за промоција на личните интереси. Во Вашингтон отпатуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими. Потсетуваме дека инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп се одржа на 20 јануари. Според американските медиуми, Tрамп е првиот новоизбран претседател кој по повеќе од еден век покани странски лидери на церемонијата на неговата инаугурација. Историски гледано, на овој настан присуствувале само странски дипломати и амбасадори. Извор: Новинска агенција МЕТА