Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти покажа дека е одличен и кога губи. И покрај раното водство, „Кралскиот“ клуб беше неочекувано поразен на гостувањето во Севиља. Бетис успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 во натпреварот од 26. коло во Ла Лига. Анчелоти, беше свесен за лошиот настап на неговиот тим на овој натпревар: – Лош натпревар. Почнавме добро, но после тоа немавме иста посветеност. Ја загубивме контролата на натпреварот против тим кој одигра подобро од нас и заслужи победи. Ова е тежок удар на кој мораме да одговориме. Немаме никој да обвинуваме освен самите себе. Ја загубивме топката 27 пати во првото полувреме и Бетис успеа да се врати во игра – изјави италијанскиот тренер за шпанските медиуми.
По овој пораз и победата на Атлетико Мадрид, Реал Мадрид падна на третото место на табелата. Градскиот ривал е прв со 56 бода, два повеќе од Реал и Барселона, која допрва треба да го одигра мечот од 26 коло. Анчелоти и неговиот тим ќе имаат шанса да се поправат веќе во вторник кога ќе ги чека големото мадридско дерби против Атлетико, но во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се игра на стадионот на Реал, Бернабеу, а реваншот на 12 март на Метрополитано.