Карло Анчелоти е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација! Италијанецот кој има 65 години го напушта Реал Мадрид и официјално ќе ја преземе бразилската репрезентација на 26 мај, по завршувањето на сезоната во Ла Лига. Тој го напушта стадионот „Сантијаго Бернабеу“ како еден од најуспешните тренери во клупската историја.
A maior Seleção da história do futebol agora será liderada pelo técnico mais vitorioso do mundo. Carlo Ancelotti, sinônimo de conquistas históricas, foi anunciado nesta segunda-feira (12) pelo presidente da CBF, Ednaldo Rodrigues, como o novo técnico da Seleção Brasileira. Ele… pic.twitter.com/grw3Rb1BmL
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) May 12, 2025
Анчелоти освои 15 трофеи во двата мандата на клупата на Реал, а минатата сезона ги предводеше „Лос Бланкос“ до двојната круна – во Лигата на шампионите и во шпанското првенство. Сепак, неговото заминување доаѓа откако неделниот пораз на Ел Класико го остави Реал седум бода зад лидерот Барселона со три натпревари до крајот на сезоната. Доколку не дојде до спектакуларен пад од Барселона, тој резултат практично значи дека Реал оваа сезона ќе ја заврши без ниту еден трофеј, првпат по четири години.
Во соопштението на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) се наведува дека Анчелоти е „легенда на играта“, нагласувајќи ја важноста странскиот тренер за првпат да го преземе раководството на националниот тим. – Овој историски момент обединува две икони – единствената петкратна селекција на светски шампион и тренер со ненадмината претстава во елитните европски натпреварувања – стои во соопштението на ФС Бразил. – Бразилската фудбалска асоцијација срдечно го пречекува господинот Анчелоти и се радува на нова ера на успеси под негово водство – велат од Федерацијата.