Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев се пожали дека состојбите и условите во Собранието не се на задоволително ниво, во споредба со Владата. Според Апасиев, во Собранието нема „луксузирање како во Влада со бизони, бифтеци, папаја, апрарагуси, морски плодови и гурелки од нилски коњи“. Како што информира пратеникот, Собранието нема паркинг и останало без кафе и јајца за доручек.
„Во институција која дневно прима над 200 странки, факинг кафе да нема три месеца!? Па ставете клуч на врата, да не глумиме држава“, објави Апасиев.