14.8 C
Скопје
31/05/2025 06:09
МАКТЕЛ

     

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

      

,Тошковски не е од вчера министер. Тој бил министер година дена: и од техничката влада на Талат Џафери, па преку новата политичка влада. Тој бил министер и во време на фалсификуваната лиценца. Ние сме земја која има колективни трауми досега. При секоја ваква колективна траума, прво нешто е министерот да си даде оставка, ако не и целата влада. Тошковски не прави разлика меѓу гнев и револт, но тоа е негов пропуст – истакна претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев, во емисијата ,,ТВ Објектив” на КТВ.

– Државата потфрли. Она што е суштински битно во овој случај е дека можеше да биде спречено. Не постои она што го кажува Обвинителството во Кривичното право – верижни реакции. Не постои такво нешто. Тргнувате да апсите од актуелни, па наназад, а не обратно! Вмроидите се обидуваат ова перпетуирање да ни го претстават како новото нормално и ние одбиваме тоа да го прифатиме. Затоа ние поднесовме интерпелација против Панче Тошковски. Таа се базира на 10 точки од коишто 5 се однесуваат, стриктно, на трагедијата во Кочани, којашто е најголема трагедија во Европа – рече претседателот Апасиев. Тој ја посочи првата точка за интерпелацијата на Тошковски и појасни дел од пропустите во однос на функционирањето на дискотеката во Кочани.

– Диско – шталата била оставена без контрола. Таа била партиски штаб, практично, на ДПМНЕ каде што сите локални функционери нивни се собирале, локале, јаделе, пиеле, веројатно, и без пари како што имаат обичај да прават. Нашата интерпелација е законски заснована. Ние ги следевме законските одредби од Законот за угостителска дејност, од Законот за внатрешни работи, од Законот за полиција. Ги следевме сите ингеренции кои не биле применети во случајот. Тоа се кардинални пропусти – објасни лидерот на Левица. Лидерот на Левица говореше и за оставките што при вакви трагедии се поднесуваат од морални причини.

   

– Првиот чин кога се случуваат вакви трагедии е оставка од морални причини. Тошковски нема капацитет да сфати што значи тоа. Го прашуваат новинари дали чувствува одговорност. Вели дека чувствува, а не дава оставка. Тоа значи дека ништо не чувствуваш. Оставка од морални причини значи дека немаш вина, ама од морални причини треба да дадеш оставка, бидејќи во твој мандат објективно се случил настанот и има системски пропусти и ти даваш оставка. ,,Миле ми текна”, Миле Јанакиевски, кога се удавија бугарските туристи во Охрид си даде оставка. Венко Филипче за Модуларната си даде оставка. Тогашните премиери измислија нов институт – неприфаќање на оставка. Не можете да не прифатите оставка! По сила на закон, тоа е неотповиклива оставка – образложи Апасиев.

– Вие ги немате обвинето тие што први требало да ги обвините, а тоа се актуелните носители на јавни функции, затоа што вие не сте дојдени истата ноќ на власт, па да речете ние сме нови. Не, вие сте година дена претходно. Сте имале илјадници можности. Државниот пазарен инспекторат, директорот Влатко Стојковски не направил инспекција. Од Дирекцијата за заштита и спасување, сега ги поапсија претходните. Како можете да поапсите министер кој бил пред 10 години, а да не го поапсите сегашниот? Нема логика! Обратно треба да апсите! Оттука треба да апсите, оттука натаму треба да апсите, а не оттаму наваму – апелираше претседателот на Левица. Во врска со кривичната што ја спремаат за премиерот Мицкоски и која ќе биде нареден чекор, Апасиев истакна дека тоа е кривично дело – попречување на правдата, односно, нудење или давање корист со цел да се саботира некоја истрага.

– Следува кривична за Премиерот. Ќе следуваат и интерпелација за Премиерот и за Обвинителот; ќе следува и барање за надзорна расправа. Можеби, и Постојаната анкетна комисија ќе се активира, затоа што ова е трагедија која не смее да остане под тепих и која, најбитно – можеше да биде спречена, доколку се постапуваше согласно закон”. Што е постапка за разрешување на јавен обвинител, па не го разрешуваме, освен пазар? Ние во тоа гледаме попречување на правдата. Ние сега нема да те разрешиме, ама ти нема да ги гониш ,,нашите” и тоа, навистина, се случува – додаде Апасиев во однос на најавената кривична за Премиерот. Апасиев потсети дека само Градоначалникот на Кочани си даде оставка, а на првата прес – конференција Премиерот беше бранител на Градоначалникот на невидено. – Ние извадивме документ по Закон за угостителска дејност дека Градоначалникот морало да води регистар, па тек тогаш го почнаа во истрагата. Значи, сè треба опозицијата да буцка, за да они апсат. Во ред, ние ќе буцкаме, вие продолжете да апсите, но апсете ги овие кои треба – рече тој. Претседателот на Левица обзнани дека за поапсените има криво поставено обвинение.

– Скоро, грото од сите овие 40 – 50 луѓе кои се поапсени се за едно кривично дело обвинети, а тоа е ,,тешки дела против општата безбедност”. Прочитајте го битието на тоа дело и ќе видите дека нема врска со тоа за што ги обвинуваат. На пример, во делото пишува: ,,…тој што со пожар, поплава, зрачење ќе предизвика општа опасност и ќе настанат смртни последици…” Кажете ми како министерот или оној амбасадорот во Норвешка што бил, го предизвикал пожарот? Намерно ги поставуваат вака на криво работите. Значи, тој човек таму можел да одговара: за земање мито, за злоупотреба на положба, за фалсификување исправа, за сосем други кривични дела. Не може тој да одговара за предизвикување на пожарот и не може тоа правно да го браните со верижни реакции! Не постои такво нешто! Тоа е како вие да ме упукате со пиштол и да одговара производителот на пиштолот во ,,фабриката во Германија”. Во правото има причинско – последична врска и тоа е релевантно пред суд. Не е релевантно само дека јавниот гнев е насочен кон апсење – појасни детално лидерот на Левица.

Апасиев повторно потенцираше во која насока да продолжи да тече апсењето. – Апсете ги и вашите – овие што не ги поапсивте, уште десетина треба минимум да се поапсат и кога ќе дојдете пред суд, дајте им право обвинение, а не вакво, оти ќе ви падне и пак судството ќе ви биде криво! Овие вашиве недоквакани се криви, затоа што во една кривична пријава сакаат сите да ги спојат што не е држливо правно. Намерно јавно кажувам дека ако остане ова обвинение, освен гневот, нема ништо од право тука да видите, затоа што се криво поставени – детално образложи Апасиев. Претседателот на Левица потсети дека по Деловник, доколку функционерот на кого му е поднесена интерпелација си даде оставка, интерпелацијата паѓа и е беспредметна.

– Панче има две можности: или да даде оставка во наредните 10 дена, или да дојде на седница и да се соочиме, или да избега и да даде писмен одговор или да нè игнорира комплетно. Како орган кој ја контролира извршната власт, ќе дадеме сè од себе преку парламентарни инструменти тоа да го сториме и ова е само почеток – рече Апасиев. Тој поентираше дека партнери на ДУИ и СДСМ може да бидат само на ДПМНЕ, затоа што кога немаат двотретинско, овие две партии им обезбедуваат. Апасиев потсети дека така беше со Кривичниот законик, за да си се амнестираат елитите меѓу себе… Според Апасиев, Левица никогаш ниту кокетирала со тие две партии, ниту им давала гласови, ниту се пазарела. Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

   

Најново

На денешен ден во 1903 година во Санкт Петербург свечено е отворен Троицкиот мост над реката Нева

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: За еден месец во Штип почнува со градба ветерен парк вреден 500 милиони долари

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor

Sase Ivanovski

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеци се без плата

Sase Ivanovski

ВЕ МОЛАМ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕПИШУВАТЕ Јаневска им подели совети на учениците пред утрешното полагање државна матура

Sase Ivanovski

Филипче: Сестринската ПЕС на СДСМ најави поддршка за резолуцијата за Македонија во ЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалозна одлука за Христовски – Обвинителството како партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Пензионерите протестираа во Свети Николе, бараат линеарно зголемување на пензиите и оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска

Sase Ivanovski

Новиот монах Георгиј е предлогот за нов митрополит во Охрид

Sase Ivanovski

ВНИМАВАЈТЕ ВО ГРЦИЈА: Oдземање на возилото ако зборувате на телефон додека возите, казни и до 8.000 евра за сообраќајни прекршоци

Sase Ivanovski

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО ДОСТАВИМЕ ДО ПАРЛАМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Бугарското Собрание усвои резолуција: Се што прифатила Македонија мора да исполни, нема преговарање за нови договори

Sase Ivanovski

Уапсени се малолетници кои пред четири дена пукаа со автоматска пушка кон куќа во Тетово

Sase Ivanovski

Шамбевски: Младите се коавтори и двигатели на промените, новиот Оперативен план покажува дека тие имаат партнер во Владата

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со жителите од Буњаковец: Ги решаваме предизвиците на центарци, обезбедуваме ред и почитување на јавниот простор

Sase Ivanovski

Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста: Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Пендаровски: Македонија и Велика Британија сѐ уште немаат стратешки договор, содржината на документот повеќе наликува на меморандум за соработка или почетно писмо со намери

Sase Ivanovski

Уште не влезени, унгарски „4iG“ и државниот телеком на Емирати се обидоа да ја намалат цената за влез како трет мобилен оператор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТСКА Е НАВИСТИНА ПРЕКРАСНА

Sase Ivanovski

360°season 11,show 66(in-depth) Извештајот на ЕП со „македонски идентитет“-чекор кон уставни измени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вин-Вин: Измените на изборното законодавство се обврски од реформската агенда

Sase Ivanovski

Арсовска: Зградата дивоградба, за која Ганиу тврди дека е изградена во 2011 година, не постои во сателитската снимка од 2023 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360: „Временската машина“ за дивоградби во Чаир повторно актуелна

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Бројките говорат за нашите политики, цврсто чекориме во остварување фискална консолидација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НО ЗА ТАА ОДЛУКА ТРЕБА СОГЛАСНОСТ ОД СИТЕ ПАРТИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СЕ ОБРАТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БУДИМПЕШТА: Патриотизмот не е ретро идеја, туку е единствен начин кон светла иднина

Sase Ivanovski

Лишен од слобода разбојник во Битола, расчистени три разбојништва, украденото вратено на сопственичките

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: И после 5 месеци од распишаниот јавен повик за доделување средства од општинскиот буџет за финансирање на спортски клубови, здруженија и фондации, Општина Прилеп сеуште нема извршено распределба на парите

Sase Ivanovski

Лукаревска:Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки

Sase Ivanovski

Зеленски за меморандумот за примирје: Уште една руска измама

Sase Ivanovski

Арсовска до Меџити: Ќе ве дестабилизирам тебе и твојот измеќар Висар

Sase Ivanovski

Хамас го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Лизгање на земја потрупа цело село во Швајцарија, за среќа селото беше евакуирано пред несреќата

Sase Ivanovski

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Герасимовски: Се бетонира подлогата во салата Работнички, реконструкцијата според највисоки ФИБА стандарди

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши на Меѓународниот форум во Астана: „Интелектуалната сопственост е реална економска вредност

Sase Ivanovski

Ова се петте услови на Путин за завршување на војната

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ве чекаме денеска на вкусна трпеза и добра музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

Тимчо Муцунски разговарал со Марко Рубио за тарифите на САД кон Македонија

Sase Ivanovski

Ганиу: Органите да постапат ако има нешто незаконски во Чаир, а не Арсовска да прави шоу

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: Ми треба поголемо лично обезбедување од тоа што го имам во моментов

Sase Ivanovski

Митовски: Големиот број реалицирани проекти потврда за одговорното работење на Општина Крива Паланка

Sase Ivanovski

Зошто вреди непријатниот разговор? Придобивките за менталното здравје од сеопфатното сексуално образование (ССО)

Sase Ivanovski

Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки на проекти од интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: За 4 години не направив ниту едно службено патување за да не ги оштетам Скопјани, а советничка блиска до Арсовска не се симна од авион 4 години на трошок на Скопјани!

Sase Ivanovski

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан

Sase Ivanovski

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 65

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: НЕМАМ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НИТУ СО НЕКОЈ ОД НЕГОВИОТ ТИМ

Sase Ivanovski

Калајџиев за отфленото обвинение против Христовски: Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!

Sase Ivanovski

Магистер сум по кинезиологија со чиста 10-ка. Јас сум нај образованиот шалтерски работник со инвалидитед во општина Прилеп,распореден по казна

Sase Ivanovski

СДСМ: Селективност за перење на Христовоски, сошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Sase Ivanovski

ДАЛИ ДУИ ЈА КООРДИНИРА АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР?! СРНИЧКАТА СЛИКАНА СО БЛЕРИМ БЕЏЕТИ

Sase Ivanovski

Филипче најави нов кодекс за советници на СДСМ, ротација на мандатите и санкции

Sase Ivanovski

Мадрид: Муртезани на средба во шпанското МНР

Sase Ivanovski

Во Чаир активно се уништуваат докази за фалсификатите и дивоградбите – порача Арсовска и го повика Обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

Sase Ivanovski

Руската служба за надворешно разузнавање ја обвини Србија дека испорачува муниција во Украина

Sase Ivanovski

Денко Малески: На Зеленски му виси животот на конец 

Sase Ivanovski

Коцевски го амнестира Христовски од АНБ – Газдарицата од Пловдив ја немало, а Бојан не направил ништо со умисла за кривично дело

Sase Ivanovski

Отворање на Викендот на гордоста 2025 – ЈУГОКВИР Изложба за ПАНКОТ, СУПКУЛТУРАТА И СОЦИЈАЛИЗМОТ и симпозиум за КВИР КУЛТУРАТА, БАЛКАНОТ, ИСТОЧНА ЕВРОПА И ГЛОБАЛНИТЕ ТРАНС* ПОБУНИ

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski

Планот на САД предвидува 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на 28 израелски заложници

Sase Ivanovski

САД во ОН: Путин треба да го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Европа треба да го „заостри својот став“ кон Израел, ако не ја ублажи хуманитарната криза

Sase Ivanovski

Во нападите на руски беспилотни летала во Харков и Запорожје, загинаа две, а шест лица беа ранети

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Sase Ivanovski

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск

Sase Ivanovski
Вчитувам....