Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го прокоментира фактот што поголем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија. Тој го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски. „Премиерот енергетичар ноќеска ја остави пола Македонија без струја! Ами да не беше енергетичар, цела ќе беше без струја. Така може да гледаме на работите“, објави Апасиев.
Според АД МЕПСО, причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици. Додаваат дека се работи за регионален и европски проблем.