Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, одлучи Апелациониот суд Скопје.Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство.
„Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје против решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи, на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.“, се наведува во соопштението.
Судот констатирал основано сомневање дека Васев сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и поради тоа му е одреден притвор во траење од 30 дена, согласно член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка.Двајцата се обвинети за злоупотреби поврзани со скапа терапија и за тешки дела против здравјето на луѓето.