Како сериозен и одговорен медиум барам медиумските чинители во Македонија никако да не праќаат ниту една камера/фотоапарат/микрофон со цел снимање на погребниот процес во Кочани и другите градови во четврток.
В недела наутро се разбудивме во една нова, речиси апокалиптична Македонија, која не окова во прангите на тагата, болката и немоќта. Затоа како медиумски чинители мораме да им оставиме на семејствата кои ќе ги испраќаат своите најблиски до вечното почивалиште во четврток во сите градови, простор да се простат од своите најмили на начин кој ќе биде одраз на болката и тагата во нивното срце и душа во тие моменти.
Кога веќе 59 наши млади и невини сограѓани живи изгореа на крајно недостоинствен начин, барем ние медиумите да им оставиме на нивните родители и роднини да ги испратат на елементарен достоинствен начин. Убеден сум дека граѓаните во Македонија и овој четврток ќе бидат – Кочани.
Иван С. Мирчевски