16.8 C
Скопје
31/01/2025 15:54
МАКТЕЛ

   

Аплаузот за Милорад Додик во Скопје

     

Радикалниот лидер на босанските Срби Милорад Додик имаше два часа слава во Скопје, главниот град на Северна Македонија – држава членка на НАТО. Притоа тој го отпеа својот редовен репертоар, со малку примеси на поддршка кон домаќинот осудувајќи ја политиката на ЕУ кон нашата земја. Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување, што несомнено е искрено, особено затоа што и тој беше во публиката па мораше да ја слуша беседата на Додик. Милорад Додик не е гостин кој ѝ прилега на Северна Македонија. Нашите стратешки цели во надворешната политика се НАТО и ЕУ, за кои се бориме повеќе од три децении, и дадовме многу жртви. Денес, благодарение на една од тие жртви, како што беше промената на името на државата, сме почитувана членка на НАТО во која имаме еднаков глас за одлучување како што имаат САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија и други светски сили. Додик пак, е личност од црната листа на САД на која е и неговото семејство и бројни соработници означени како извршители на коруптивни активности, и најважното подривачи на Дејтонскиот договор и закана за мирот на Балканот. Тоа е добро познато за овдешниот естаблишмент но сепак поканата за Додик не беше оспорена од никого, ниту пак нашиот државен врв направи чекор да се дистанцира од Додик и неговата политична токсичност за амбициите на Северна Македонија.

Реторичко прашање. Денот потоа, кога премиерот Мицкоски констатираше дека Додик не постапил добро што говорот го искористил за пораки како што се негирање на геноцидот во Сребреница, се наметнува реторичко прашање: А што мислеше Скопје кога му даде подиум на Милорад Додик? Дека ќе нѐ поздрави и ќе замине или дека ќе ги шири своите пропагандистички и штетни пораки кои се закана за мирот и стабилноста во регионот? Загрижува и коментарот на Иван Стоиљковиќ, втор човек во Владата, кој вели дека нема намера да се откаже од своите браќа какви и да се тие. И самиот Стоиљковиќ е познат по негирање на геноцидот во Сребреница, но тоа не беше проблем да добие висока позиција во македонската влада во миговите кога очите на меѓународната заедница се вперени во Северна Македонија и бугарското вето за преговорите со ЕУ. Бугарија не мора ништо да прави за да поентира во својот убедувачки поход дека Скопје е центар на просрпски политики и дека комунистичкото минато сѐ уште не е надминато туку е основа за антибугарската политика. Срдечниот прием на Додик оди токму на бугарската вода. Проблематично е и што Милорад Додик е човекот кој цврсто стои зад рускиот претседател Владимир Путин а и Путин цврсто стои зад Додик. Каде Северна Македонија се наоѓа во една таква комбинација е прашање кое заслужува одговор од нашите власти бидејќи не може да се кокетира со личности како претседателот на Република Српска, а да се очекува дека Европа ќе ни додели сертификат за проевропски политики и отпорност кон ветровите кои континуирано дуваат од север.

   

Додик и Путин. Да му дадете микрофон на Милорад Додик е исто како да сте му дале микрофон на Путин. Цела ЕУ се обидува да ги скроти аспирациите на овој миленик на Кремљ за одвојување и освојување на дел од БиХ, а во Скопје му послаа црвен килим и му подигнаа бина за од таму да ја шири својата опасна реторика обландирана во божемна грижа за Македонија. И како тоа да не беше доволно, во првиот ред во публиката седеа претставници на највисокото политичко раководство на земјата домаќин, здружено и од Владата и од опозицијата. Тука беа и високите црковни претставници како поглаварот г.г. Стефан а добро знаеме дека едно од начелата на христијанската религија е не убивај и не прави зло. Во име на таа христијанска религија, посоодветно ќе беше барем да сврти глава од човекот кој ги негира злосторствата во Сребреница од кои целиот свет се згрози. Оттука, ќе смогне ли некој сила јасно и недвосмислено да ги осуди пораките на Додик испратени од нашиот двор или ќе ги премолчиме? Да се одмолчат такви работи е рамно на политичко самоубиство. Не се во прашање само Владата и опозицијата туку и целиот народ кој го претставуваат премиерот, вицепремиерите и министрите, и илјадници граѓани кои чувствуваат лична болка од масакрот во Сребреница. Или, ако пак, станува збор за плаќање на цена за одржување на владината кохезија, таа цена е превисока и опасна за Северна Македонија. И чесно е и тоа да се каже, наместо да се стави под тепих едно толку важно прашање кое е огледало на надворешно-политичките позиции на државата. Демократијата е една работа, а способноста да се одржува паметна навигација во надворешната политика е друга работа. Впечаток е дека нашата земја не успева да одржува надворешна политика во согласност со стратешките цели кои ги има поставено уште од осамостојувањето. Додик имаше причини да си замине задоволен од Скопје и да се врати во својата тврдина во Република Српска чекајќи повик од Путин за да ги резимираат своите политики. На Северна Македонија и останува да учи од своите грешки и да научи дека во политиката постои и изговорот „немам време да дојдам“ како можност највисоките функционери да покажат став кон личности со кои не треба да се најдат во исто друштво. (Dw)

 

Најново

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА СЕ ЗАКАНИ СО ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ Инспекторатот се засилува со нови вработувања

Sase Ivanovski

ОВА Е НАЦРТ-КОНЦЕПЦИЈА И МОЖЕ ДА ПРЕТРПИ ПРОМЕНИ Министерството за образование сериозно ги сфаќа сите коментари за реформите

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ВЕТЕНИТЕ 110 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ Хамас ги објави имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени в сабота

Sase Ivanovski

Кауфланд Хрватска ги намалува цените на над 1.000 производи

Sase Ivanovski

Расчистено убиство во Кавадарци: со гушење ја убил неговата партнерка, приведен 42-годишник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Кашкавалот ми е скап, ама не бојкотирам“: Дел од граѓаните си пазарат во маркетите за време на граѓанскиот бојкот

Sase Ivanovski

Серија земјотреси утрово ја погодија Грција

Sase Ivanovski

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата

Sase Ivanovski

КАЛКУЛАТОРИТЕ НА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „СВЕТНАА“ од убави бројки – ќе се дели бруто дивиденда од над 46 милиони евра

Sase Ivanovski

ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид

Sase Ivanovski

„СВОЕВОЛИЕТО НА ДИРЕКТОРКАТА УНИШТУВА МНОГУ ЖИВОТИ, ЈА УНИШТУВА КЛИНИКАТА“: реакција од лекарскиот колегиум на клиниката „Козле“

Sase Ivanovski

Левица: Власта незаконски избра членови на ААВМУ – Верзиволи и Селмани не исполнуваат услови

Sase Ivanovski

Половина од Данците ги гледаат САД како закана, 78 отсто се против продажбата на Гренланд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анализа: Милениците на системот ни ги убиваат децата

Sase Ivanovski

Мандатот на специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, истекува денеска, ќе го наследи Петер Соренсен

Sase Ivanovski

Ќерка со нож го прободела татка си во Пробиштип

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи – МВР: Расчистено убиство во Кавадарци, осомничен и приведен е кавадарчанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

Sase Ivanovski

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам

Sase Ivanovski

Орбан: Неприфатливо е Украина да го запре протокот на руски гас кон Централна Европа

Sase Ivanovski

Во Неготино собир поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Украинската воздушна одбрана соборила 59 од вкупно 102 руски дронови

Sase Ivanovski

Нова Трампова ера

Sase Ivanovski

Прангите на лажната моралност

Sase Ivanovski

Доналд Џ. Трамп, по милоста божја, претседател на САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андоновиќ: Трамп од утре воведува царини за Канада и му се заканува на БРИКС! ЕУ размислува да купи руска нафта

Sase Ivanovski

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Sase Ivanovski

Во Москва уапсени поранешни директори на државната компанија „Роснано“ за проневера

Sase Ivanovski

Босанците не трупаа производи пред најавениот бојкот, се бележат промоции на производи од 20 до 50 проценти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Американски лизгач имаше среќа – поради кучето не се качил на кобниот лет на „Американ ерлајнс“

Sase Ivanovski

Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ

Sase Ivanovski

Скопјани и натаму ќе нагаѓаат кога ќе дојде авобус

Sase Ivanovski

Пријавување за студентски оброк од 1 до 5 февруари

Sase Ivanovski

Конгресот на САД го забрани DeepSeek

Sase Ivanovski

Во акција на Европол уапсени 418 лица за трговија со фалсификувани лекови

Sase Ivanovski

Трамп сигурен дека Египет и Јордан ќе примат раселени Палестинци

Sase Ivanovski

СДСМ: Mаксимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, правда и поголема безбедност на улиците

Sase Ivanovski

Европската комисија од српските обвинителства побара извештаи за нападите врз студентите на протестите

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Возачот плаче до телото на Фросина

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ Еве колкави ќе бидат од 5 февруари

Sase Ivanovski

НЕГОВИТЕ ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ Роберт Кенеди Џуниор тврди дека не е против вакцините

Sase Ivanovski

„НЕМОЈТЕ ДА КОРИСТИТЕ DEEPSEEK“ Испратено е предупредување до канцелариите на Конгресот на САД

Sase Ivanovski

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „ГОЦЕВА МИСЛА“ Годинава ја понесоа Јон Деаконеску, Зоран Пејковски и Никола Шимиќ Тонин

Sase Ivanovski

Оваа борба со цените е борба со ветерници

Sase Ivanovski

📊 СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ СПЕЦИЈАЛИСТИ, А НЕ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ Како да се мотивираат младите да работат како лекари во помалите места?

Sase Ivanovski

Во чест на Фросина, Неготино и Кавадарци излегуваат на мирен собир денес во 15 часот на плоштад: До кога ќе палиме свеќи за невини жртви?

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ИТНО ТРЕБА ДА ДОЗВОЛИ НА 18 ГОДИНИ ДА СЕ ПОЛАГА ЗА КАМИОН, А НА 21 ГОДИНА ЗА АВТОБУС Ни требаат 12.000 возачи, инаку колапсот во превозот е неизбежен

Sase Ivanovski

Брзи и бесни, а казните лесни

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНИ СЕ ПРВИТЕ ЦРНИ КУТИИ ВО ВАШИНГТОН Ќе се вештачат снимки од диктафон за смртоносната несреќа

Sase Ivanovski

20-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА ПРЕГАЗИ ДЕВОЈКА, НА 16 ГОДИНИ УДРИЛ ЖЕНА СО КОЛА, А СУДИЈА МУ ДАЛ САМО ВОСПИТНА МЕРКА КОГА БИЛ ФАТЕН СО ДРОГА

Sase Ivanovski

ФОКУС: Сузана била убиена од партнерот кој бил нарко зависник, но била избегната и уште поголема трагедија во Кавадарци!

Sase Ivanovski

Кратко пред убиството на булеварот Партизански одреди каде со 130 километри на час да ја прегази и усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова, Васил Јованов Васо на својот Инстаграм профил објавил фотографија со чаша вино

Sase Ivanovski

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова е судијката која Васил го ослободила од притвор – по што тој ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

ЛИДЕР: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор затоа што дома во рација МВР му нашло 30 пакети дрога!

Sase Ivanovski

ТАТКОТО НА УБИЕЦОТ НА ФРОСИНА Е КОМАНДАНТ ВО АРМ, ДАЛИ СО СВОЈАТА МОЌ ГО ШТИТЕЛ СИНОТ ОД ПРОГОН?!

Sase Ivanovski

УМС НА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ СЕ ПРИДРУЖИ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ ПРЕД СИЛБО НА ПАРТИЗАНСКА – Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот кој убива

Sase Ivanovski

Феномен, знаме на Ферари на протестите во Србија

Sase Ivanovski

Исчезна момче од Неготино: Дал оставка на работа и заминал во непознат правец!

Sase Ivanovski

Филков: Сочувство до семејството на Кулакова, целиот систем мора да се менува од корен

Sase Ivanovski

Возачот кој ја прегази младата Фросина освен пријава за дрога, пред две години направил уште една сообраќајка за која платил 18 илјади денари

Sase Ivanovski

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: НАЈПОЗНАТАТА ДОКТОРКА ОД ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ ДОБИ ОТКАЗ ПОРАДИ БОЛЕДУВАЊЕ?!

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: ФОТО | Граѓаните утрово го поддржаа бојкотот на маркетите – празни наплатните каси

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата работи на намалување на инфлацијата, премиерот Мицкоски апелираше до аптеките да ги намалат цените, Македонија ќе биде лидер во Европа по странски инвестиции, а координацијата со донаторите за реформите се засилува

Sase Ivanovski

(Видео) Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

Sase Ivanovski

Пандов: Го подобруваме стандардот на младите, 250 евра за технолошки уреди и дополнително од 1.000 до 30.000 евра грантови за млади претприемачи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ повикува на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска, ЈО и судот да работат според закон

Sase Ivanovski

Чисти води за здрава иднина: Патот кон зачувување на реката Треска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кина: Девојче тешко повредено откако фрли петарда во канализација и предизвика експлозија

Sase Ivanovski

Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини

Sase Ivanovski

Италија ја забрани кинеската компанија „ДипСик“

Sase Ivanovski

Американски судија спречи администрацијата на Трамп да префрли трансродова жена во машки затвор

Sase Ivanovski

Протест поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина

Sase Ivanovski

Магла на неколку патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Sase Ivanovski

Граѓаните повикуваат на бојкот на маркетите

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Наутро магла, преку ден сончево и релативно топло

Sase Ivanovski

Перински ќе ги враќа насмевките на лицата на скопјани, треба само да стане градоначалник

Sase Ivanovski
Вчитувам....