Откако 145 лица низ цела Франција пријавија дека биле избодени со игли за време на фестивалот Светски ден на музиката (Fête de la Musique), француското Министерство за внатрешни работи денес објави дека се уапсени 12 лица. Милиони луѓе излегоа на улиците на градовите низ цела Франција во саботата навечер за да учествуваат на фестивалот Светски ден на музиката, а властите соопштија дека имало „невидени толпи“ во Париз, објавува лондонски Гардијан.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 145 жртви низ целата земја пријавиле дека биле избодени со медицински игли, а полицијата потврди 13 такви случаи само во Париз. Низ цела Франција, 12 осомничени се уапсени, а четири лица се уапсени во југозападниот француски град Ангулем под сомнение за напад врз околу 50 лица, изјави неименуван полициски извор.