Од Здружението на приватни аптеки побараа аптеките да бидат ослободени од објавување цени на интернет. Според нив, обврската е несоодветна затоа што не се обични трговци и ќе создаде дополнителен товар за фармацевтите. Барањата ги испратиле до Министерството за економија и кабинетот на премиерот.
Од Владата потврдија дека барањето е пристигнато и ќе биде разгледано. Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од овој петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјалните веб-страници. Ваквата новина е резултат на измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапуваат во сила од утре. Во февруари пратениците го изменија законот за потрошувачи и им дадоа рок од 45 дена на трговците за да се прилагодат. Тој што нема да го почитува законот ќе добие казна и до 10 илјади евра.